15:38 - 26 февруари, 2026

ВИЛ СМИТ vs КРИС РОК: Мајтапи на Твитер што од смеја ќе ѝ го поместат дури и „циментираното“ лице на Никол Кидман

По шокот од несреќната епизода на Вил Смит за време на ноќта на Оскарите, кој му удри шлаканица на Крис Рок за несреќна шега за неговата сопруга Џеда Пинкет, социјалните мрежи беа преполни со низа смешни коментари и видеа. Во некои случаи коментарите беа дури и со полош вкус од дотичната сцена, но сепак, крајно смешни.

На мајтап беше земена и Никол Кидман, поради реакцијата од сцената – гримаса која не се заборава. Коментарот на твитерџии беше дека „Шлаканицата беше толку моќна што ја натера (Кидман) да го помрдне лицето за прв пат по 11 години“.

Некои од сцената направија и нова Squid Game игра со убиства. 

„И…ОСкарот за најдобар краток филм во живо оди кај…“

Нецензурираните слики од моментот кога Смит го удри Рок се нарекуваат најново меме на актерот. Твитерџии ја искористија фотографијата на Смит како замавнува со раката за да го удри Рок за да направат комични фотомонтажи, па така смит стана и дел од Нинџите и Покемоните. 

Рок вели дека се обидува да ужива во викендот, а Смит го потсетува дека веќе е понеделник.

Мајтапите на сметка на шлаканицата продолжуваат да циркулираат низ социјалните мрежи. Ќе видиме каква нова смеја ќе ни донесат денес твитерџиите.

Слични објави

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Еспресо

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.

21-годишната ќерка на Ивица Дачиќ, Андреа, сака да тргне по стапките на татко ѝ

Е.А.

Хаос на одмор: Дарко Лазиќ сред ноќ полуразголен се обидувал да влезе во апартманот

Еспресо

„Синот на Милица Тодоровиќ е пресладок“: Катарина Живковиќ проговори и за нејзиното мајчинство

Еспресо
Се вчитува....