7.8 C
Скопје
11:35 - 6 февруари, 2025

(Видео) Среде гласините за свадба: Јелена Розга сподели мистериозна објава на Инстаграм

Веќе подолго време кружат гласини дека Јелена Розга (47) е во врска со Иван Хуљиќ (37).

„Курир“ неодамна објави фотографии снимени летото 2024 година, на кои се гледа како Розга и Хуљиќ шетаат низ Будимпешта, држејќи се за раце.

Сега српските медиуми пишуваат дека пејачката оваа есен ќе се мажи. Извори за „Курир“ открија дека свадбата ќе се одржи во Сплит и се очекуваат околу 500 гости. Според нив, Розга и Хуљиќ наводно ќе имаат уште една церемонија на егзотична дестинација, како Бали или Малдивите.

„Се слушаат свадбени ѕвона за Јелена и Иван. Таа долго го чекаше вистинскиот партнер, и сега го најде. Останува само официјално да соопштат кога ќе се венчаат и да ги повикаат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент – свадбата. Претходно се зборуваше дека ќе биде летово, но најверојатно ќе биде наесен“, изјавил извор за „Курир“.

Розга се уште не ги искоментира гласините, но нејзината последна објава на Инстаграм предизвика големо внимание. Таа сподели дел од својот настап во белградскиот Сава центар, каде што ја изведува песната „Било би супер“ од групата „Магазин“.

„Хеј, златни дјечаче да си са мном љубав водио, на плавој обали кад смо оно били заједно. Било би супер, било би супер, било би сјајно, бескрајно. Ми тако млади сами одавно, било би незаборавно“, пее Розга во видеото, а во описот напиша: „Златно момче“ со емотикон во форма на срце.

Еден од нејзините следбеници праша: „Дали ова е најава за свадба?“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Јелена и Иван претходно биле забележани заедно. На почетокот на минатата година, некој ги снимил во продавница, а фотографиите ги испратил до „Далматински портал“. Според сведокот, Јелена и 11 години помладиот Иван изгледале „опуштено и весело“.

Иван, кој е син на Тончи и Вјекослава Хуљиќ, и претходно бил поврзуван со Јелена Розга. Во 2009 година, далматинските медиуми пишуваа дека тогаш 21-годишниот Иван често го посетувал нејзиниот стан во Сплит, а биле видени и заедно на концерт.

Две години подоцна, на една домашна телевизија беше објавен прилог во кој беше пренесена наводна изјава на Розга: „Веќе долго, долго сме во врска. За мене годините не се важни, битно е да се сакаме и почитуваме.“

Тогаш, таа брзо ги демантираше овие наводи за Индекс: „Во ниту еден момент не споменав ничие име. Дури размислувам да поднесам тужба против авторот на прилогот. Вистински новинар не би го направил тоа, беше многу непрофесионално и грдо. Тажна сум и навистина вознемирена.“

„Заљубена сум и среќна, а годините во љубовта и пријателството навистина не ми значат ништо. Но, во ниту еден момент не открив за кого станува збор. Кога ќе одлучам да го објавам името на мојот партнер, сите ќе дознаете. Засега тоа нема да се случи“, додаде Розга.

Наскоро потоа, и таткото на Иван, познатиот музичар Тончи Хуљиќ, се огласи во врска со гласините за нивната врска.

„Не влегувам во приватноста на мојот син. Ако тоа е нивна среќа, ја поддржувам. Ако не е вистина, никому ништо“, изјави тој за „Блиц“.

Слични објави

(Фото) „Секоја ноќ зборувам со Исус“: Анастасија Ражнатовиќ сподели фотографија од омилениот филм

Еспресо

„Извади пиштол и почна да пука…“: Горан Бреговиќ се присети на бизарна ситуација со Џеј Рамадановски

Еспресо

Хороскоп за 6 февруари: Овните ќе запознаат нова личност, Водолиите ќе добијат љубовен повик

Еспресо

Жизел Бундшен се породи! Манекенката и нејзиниот 9 години помлад дечко го добија првото дете

Еспресо

(Фото) „Да имаме интимни односи повторно и повторно“: Јована Јеремиќ сподели љубовна порака од нејзиниот дечко, сѐ „пука“ од страст

apostolova

(Фото) Како ништо да не се случило! Лепа Брена повторно застана на нозе откако го скрши скочниот зглоб

Еспресо
Се вчитува....