Пејачот и танчар Ѓоле Ѓогани за првпат си ја разголи душата и раскажа никогаш нераскажана приказна за своите почетоци, познанството и нивната забранета љубов со Слаѓа Делибашиќ, како и за сè што му претходело на нивниот заеднички живот, пишува српски „Курир“.
Иако јавноста знае многу за нив, Ѓоле сега открива шокантни детали што никогаш не ги споделил со медиумите.
– Извесно време работев во Италија како солист. Настапував во дискотеки и на плоштади, таканаречени „пјаци“. Бев во друштво на сериозни имиња. Умберто Точи, Тото Кутуњо… Влегов во потесниот круг на најдобрите танчари во Европа. Тоа беше време кога бев дел од групата „Шоу фантастико“, а подоцна ја преименувавме во „Ѓогани фантастико“ – се присетил Ѓоле.
– Кога почнав со Слаѓа во 1989 година, ми требаше тим за летен настап во Италија. Менаџерот таму ми рече дека е здодевно да танцувам сам и дека ми треба група, барем пет кореографии. Се сетив дека во Белград има училишта за танцување, па го прашав Гаги дали знае некоја група. Ми кажа дека постои група во салата Пинки, Студио 128. Таму ја запознав Слаѓа.
Како што продолжил да раскажува, таа била воодушевена од идејата да настапува во Италија.
– Вежбавме кореографија месец ипол, а потоа отидовме и така започна сè. Во тоа време, дури и не помислував дека таа ќе ми стане сопруга – рекол искрено Ѓоле.
– Во тоа време јас бев со една девојка од Рим, Клаудија. А Слаѓа имаше момче, кошаркарот Драгутиновиќ. Во Италија се зближивме, излегувавме, шетавме… Тоа беше романтична приказна. Ја научив да вози во раните зори, по настапот. Седнуваше во автомобилот, ѝ покажував сè. Така се вљубивме – се присетил танчaрот на својата младост.
Како што вели, никогаш не клекнал пред неа со прстен.
– Немаше класично запросување. Слаѓа забремени додека сè уште бевме во Италија. Кога дојдовме во Белград, бевме загрижени како ќе реагира нејзиниот татко. Реков: „Брат, ќе ме убијат! Тие се Црногорци!“ Но, таа веруваше дека тој нема да забележи ништо. Сепак, нејзината маќеа се посомнева и ја праша: „Дали си бремена?“
– Потоа отидовме кај нејзиниот татко, Љуба, во викендицата во близина на Пожаревац. Рацете ми се потеа. Велам: „Чичко Љубо, вашата ќерка е бремена. Очекуваме бебе.“ Тој беше шокиран! „Која е бремена“, почна да вика… Му се сврти во главата! Не знаев дали ќе стане и ќе ме претепа! За среќа, неговата сопруга го прекина и рече: „Ајде, стани и честитај им на децата!“ Тогаш одлучивме да се венчаме – рече Ѓоле.