18:16 - 30 декември, 2025

Северина купи луксузна вила вредна 1,5 м илиони евра: Ова ѝ беше последен Божиќ во станот што ѝ беше дом

Хрватската пејачка Северина пред неколку дена објави фотографии од празнично дружење во својот стан и ги изненади следбениците со лична исповед – ова бил нејзиниот последен Божиќ во тој простор.

„Последен Божиќ во овој прекрасен стан, чии ѕидови паметат Велигдени, Божиќи, родендени, радости, смеа, тага и жалост. Тие ѕидови ги красат најубавите приказни раскажани токму околу оваа маса. Опкружени со луѓе пред кои можеш да бидеш свој и нивен, пријател и тие мои. Во секое време од денот и ноќта, среќа е и Божиќ секој ден кога знаеш дека никогаш не си сам. Моја желба е да создадете круг од луѓе кои ве сакаат, почитуваат и поддржуваат. Јас го имам тоа и сум вечно благодарна… Среќен Божиќ!“, напиша таа.

Како што дознаваат хрватските медиуми, Северина се сели во нов дом – купила куќа во загрепската населба Шестине. Луксузната вила била огласена на порталите за недвижности по цена од околу 1,5 милиони евра. Сместена е во тивка уличка, на уреден имот со површина од 1.700 квадратни метри, со поглед кон Медведница.

Станбениот дел од 390 квадратни метри е поделен на две целини. Во приземјето се наоѓа двособен стан од 80 квадратни метри со дневна соба, кујна и трпезарија, спална соба, бања, остава и тоалет.

Вториот дел е дуплекс-стан од 310 квадратни метри со пространа дневна соба и тераса, кујна со одвоен трпезариски простор со излез на втора тераса и во градината, остава, винотека, спална соба со гардероба и бања, тоалет, како и уште две спални соби на горната етажа, секоја со сопствен излез во градина и бања.

Недвижнината располага и со три гаражи, вински подрум, коноба со камин, како и лифт.

Слични објави

(Фото) Едита Арадиновиќ се збогува со 2025 година без долна облека!

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ги разнежи следбениците: „На оваа маса секогаш имаше место за сите“

Еспресо

Животот на Драгана Мирковиќ не излегол онака како што таа замислувала: „Имав поинакви соништа…“

Еспресо

Бритни Спирс не го поштеди своето семејство: Пејачката испрати саркастична божиќна порака, им „плесна“ сè во лице

Еспресо

Од наследство направи империја: Оливер Мандиќ го напушти градскиот метеж и на Тара создаде рај на земјата

Еспресо

(Фото) Пристигна изненадување за синот на Марија Шерифовиќ, пејачката остана без зборови

Еспресо
Се вчитува....