10.8 C
Скопје
20:01 - 17 март, 2026

Сеќавање на Шабан Шаулиќ: Шест години од трагичната смрт на кралот на народната музика

Денес се навршуваат шест години од смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа на 17 февруари 2019 година во Германија. Несреќата ја предизвика пијан возач без возачка дозвола, турски државјанин Алсин Левент. Покрај Шаулиќ, загина и неговиот соработник, музичарот Мирсад Кериќ, пишува „Нова“.

Левент првично беше осуден на три години и три месеци затвор, но казната подоцна му беше намалена, што предизвика огорченост кај семејството на Шаулиќ.

Како и секоја година, и овој 17 февруари, најблиските се собраа на неговиот гроб во Белград за да му оддадат почит. Неговата сопруга Гордана, ќерките Снела и Илда, како и бројни пријатели и соработници, положија цвеќе и запалија свеќи во негова чест.

Шаулиќ остави огромно музичко наследство, а покрај пејачката кариера – беше и успешен композитор.

Во негова чест, вечерва во МТС Дворaната во Белград ќе се одржи концерт под наслов „Ѕвезди меѓу ѕвездите – Сеќавање на Шабан Шаулиќ“, каде бројни музички имиња ќе ги изведат неговите најголеми хитови.

Шест години по неговата смрт, Шабан Шаулиќ останува запаметен како еден од најголемите изведувачи на народната музика, чија уметност продолжува да живее.

Слични објави

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

(Фото) Николија пред Реља била во љубов со НБА кошаркар: Врската траела две години, но кариерата пресудила

Е.А.

Дали е време за укинување на Оскарите? Церемонијата се соочува со обвинувања за дискриминација, пад на гледаноста и игнорирање од ѕвездите

Еспресо

Аца Амадеус со нови шокантни тврдења: Тврди дека поранешната сопруга била приведена

Е.А.

(Фото) Сестрата на Богдана Ражнатовиќ отиде во Москва: Мами воздишки во мини здолниште и мрежести чорапи

Еспресо
Се вчитува....