20:10 - 8 април, 2026

Се породи Милица Тодоровиќ: На свет донесе машко бебе

Српската пејачка Милица Тодоровиќ денес се породи во Белград и на свет донесе машко бебе. Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и бебето се чувствуваат добро, пренесуваат српските медиуми.

Ова е прво дете за Милица, која синот го доби со партнер кого досега не го претставила јавно и чиј идентитет успешно го чува далеку од очите на јавноста.

Интересно е што на почетокот ѝ било кажано дека носи девојче, но на последниот ултразвучен преглед пејачката дознала дека сепак ќе роди син.

Милица донела и одлука по породувањето да ги зачува матичните клетки на бебето, со цел да обезбеди дополнителна здравствена сигурност и можност за идно лекување. Оваа практика сè почесто ја избираат јавни личности, но и родители кои навреме размислуваат за здравјето на своите деца.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо
Се вчитува....