11:45 - 8 април, 2026

Почина хрватскиот актер Жарко Савиќ, остави голем актерски опус зад себе

Хрватскиот телевизиски и театарски актер Жарко Савиќ почина на 76-годишна возраст, објавија денеска регионалните медиуми.

Савиќ е роден на 30 јули 1949 година, во Варварин, Србија. Понесен по страста за глума, тој дипломирал на Академијата за драмска уметност во Загреб во 1972 година. Тој играл улоги во бројни хрватски театри, меѓу кои и Хрватскиот народен театар во Загреб и Вараждин, Драмскиот театар Гавела и куклениот театар Жар Птица.

Што се однесува до неговата работа на „малите екрани“, Савиќ беше дел од актерската екипа на сериите „Големата магла“, „Забранета љубов“, „Изборот на Лара“, „Новина“ и многу други, а глумеше и во филмовите „Втората мрачна ноќ“, „Воз за мал грабеж“ и „Отпад – хроника на едно исчезнување“.

Тој оствари и богата кариера како гласовен актер, а во синхронизацијата на популарните анимирани филмови брилијантно толкуваше голем број ликови, особено негативци.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....