21:05 - 7 април, 2026

По разводот и сите скандали, на Милан Калиниќ му тргна: Крена раце од актерството, започна нов бизнис

Српскиот актер и водител Милан Калиниќ по серијата скандали во последните неколку месеци одлул да сврти нов лист и да започне бизнис во ИТ секторот, дознава српски „Курир“.

Актерот и поранешен водител, познат по здравите животни навики, правилната исхрана и љубовта кон спортот, сега своето знаење ќе го споделува со другите преку мобилна апликација.

– Милан отсекогаш бил спортски тип и неодамна одлучи да сподели сè што знае за здравиот начин на живот, исхраната и тренинзите и со луѓето кои исто така се заинтересирани за тоа. Неговата цел е да ги направи здравите навики лесно достапни за луѓето на лесно достапен начин, преку мобилна апликација која самиот ја програмирал. Таа ќе им помогне на сите корисници да се концентрираат на вежбањето и исхраната со различни планови и детални инструкции. Сега, по овој турбулентен период кој е зад него, спортот и вежбањето му се главна преокупација, поради што оди во теретана два пати на ден за да исфрли сè што е негативно од себе. Баш неодамна ни раскажуваше колку е посветен на тоа и колку е заинтересиран за тоа. Во моментот целиот е навлезен во ИТ технологија, научи многу за неа и се надева на успех во овој нов приватен бизнис, во кој вложи многу време, но и пари – изјавил за „Курир“ еден од пријателите на Калиниќ.

Инаку, самиот Милан изјави дека спортот му помогнал во тешки животни ситуации.

– Мораш да си помогнеш во тие работи, како што е тренинг и тој начин на живот. Тогаш многу полесно ги поминуваш сите тешки работи – изјавил во една прилика Милан за медиумите.

 

Слични објави

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо
Се вчитува....