15:58 - 5 декември, 2025

Писмо од виртуозот на хармоника Златко Миладиноски, кое треба да го прочита секој музичар!

Факт е дека музичката дејност е една од најпогодените индустрии, не само кај нас, туку и во целиот свет.

Токму музичарите се тие кои мораа први да стиснат „стоп“ кога започна пандемијата и по се изгледа ќе бидат последни кои ќе стиснат „плеј“, откако ќе заврши кризата со Ковид – 19.

Деновиве бевме сведоци дека поголемиот дел од музичарите во нашата земја се обединија и преку протест пред Владата на Република Македонија извршија притисок да бидат примени и да се слушне нивниот глас.

По овој протест на социјалните мрежи бевме сведоци дека јавноста е поделена во врска со нивните барања. Има такви кои ги поддржа, но и многумина кои ги искритикуваа музичарите во нашата земја.

Испровоциран од целокупната ситуација, писмо до нашата редакција испрати познатиот музичар, еден од нашите најдобри хармоникаши Златко Миладиноски.

Неговото писмо ви го пренесуваме во целост:

„Музиката е моја мајка“

„Здраво живо на сите. Јас сум Златко Миладиноски музичар за некого знаен за некого незнаен, но сега тое не е ни важно .  

Сакам од срце и од душа да ја поздравам огромната  публика на македоската музика. Или како што најчесто ја именувам мајчина музика.

Со ова мој став ги подржувам сите колеги  музичари сакајќи да им укажам на тоа дека нашата публика не е само виртуелна, напротив можеме да ја видиме секаде каде што настапуваме, но и кога не настапуваме, значи евидентно е дека постои, нели?

Лично за мене би кажал  дека  музиката ја чуствувам како мајка и дека не би постоеле никакви препреки кои би ме натерале да се откажам од неа. Дури да е и со закон забранета јас нелегално би се занимавал со музика.

Другата причина поради која не би сменил  професија е мојата огромна почит кон сите останати професии   

Не постои професија за која не треба да се вложат години во образование, обука, едукација, искуство…

Ништо поразлично не е ниту со музиката.

Како уметник овие рестрикции ги толкувам  како своевиден подарок што значи време и мир, кои во нашата професија се постојано дефицитарни, за кои сметам  дека се неопходни кога треба да се креира и создава уметност .Овој период на музички мораториум можеби е најплодниот период во мојата досегашна музичка дејност.

Мотивација секогаш е публиката, една и единтсвена. Нашите песни, композиции ги создаваме за неа, оти како што музиката знае да допре до човекот, не може ниту една друга уметност. Таа го изразува сето она што не може да се каже ниту може да се премолчи.

Поздрав со почит Златко Миладиноски!“

Инаку Златко покрај тоа што има компонирано голем број хитови, тој е шеф на оркестарот на популарната музичка емисија „7/8“, која се емитува  на „Тв Балкан Мјузик“.

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....