32.6 C
Скопје
18:24 - 7 август, 2026

Наташа Малинкова со нови фотографии покажа како ги победува високите температури

Наташа Малинкова со години е дел од македонската музичка сцена. Пред неколку месеци ја промовираше песната „Vrati me u život“, проект кој носи силна емоција и важна порака за младите луѓе. Песната зборува за болката после љубовта, но и за една уште подлабока вистина – колку често се менуваме себеси за да бидеме прифатени од другите.

Сега на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои се гледа како ужива и се разладува во базен.

Instagram

– Летото е мојата сезона! Сонцето, долгите денови, дружбите под отворено небо – тоа ме полни со енергија и живот – изјави пејачката во интервју за Слободен печат.

Во истото интервју таа откри што е за неа идеален одмор.

– Идеален одмор за мене е онаму каде што ќе го исклучам телефонот, ќе дишам длабоко и ќе го слушам само гласот на природата или смеата на моите ќерки. Без стрес, без план – само добар разговор, вкусна храна, музика и блиските околу мене.

Малинкова е долги години во брак со Кире, со кого имаат две ќерки, Султана и Емилија.

– Султана и Емилија не ми се само ќерки туку вистински сојузнички, искрени критичари, советници и најдобри пријателки. Имаме отворен однос, многу споделуваме разни мислења и искуства – и тоа е моето најголемо богатство – рече Наташа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Malinkova (@natasamalinkova)

Наташа смета дека убавината и љубовта се тесно поврзани.

– Се трудам да се негувам, внимавам да користам поприродни производи, редовна физичка активност и многу вода. Немам строги режими, но внимавам на исхраната и сонот. И најважно – убавината доаѓа кога си задоволен со себе, кога љубиш и кога си љубен.

Instagram/story

Слични објави

(Фото) Мал гест, голема љубов: Мина Наумовиќ откри како братчето ја покажува приврзаноста кон сестра си

apostolova

(Фото) Сека Алексиќ ослабе 14 килограми и ја покажа новата фигура од езерото Комо во Италија

Еспресо

(Фото) Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ заедно го освоија Титов Врв: „Уживам во ова толку многу“

Еспресо

Ќе се воодушевите од новите модели на клуб маси со епоксидна смола на Wood room – посетете го салонот во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Елена Петреска од Белгија се огласи по повод 46. роденден: „Благодарна сум за сè што Бог ми испрати на патот“

Еспресо

(Фото) Никој не ја препозна Цеца на аеродромот – пејачката со капа и очила остана целосно незабележана

Еспресо
Се вчитува....