3.8 C
Скопје
19:16 - 21 декември, 2024

„Ми понудија да бидам елитна проститутка!“ Јована Јеремиќ во шокантна исповед откри дека политичар се обидел да ја силува!

Српската водителка Јована Јеремиќ си ја разголи душата и ѝ откри на јавноста неверојатни детали од своето минато, пишува српски „Информер“.

Јована Јеремиќ со задоволство зборува за својот живот и за неа нема теми кои ѝ се забранети. Сепак, таа досега не зборувала за некои настани од нејзиниот живот. Јована рекла дека уште на студиите опасни момчиња ја следеле на секој чекор, а еден од нив ѝ понудил да работи кај него како шпион и елитна проститутка!

– Ме врбуваа преку личност која ми беше многу блиска, па отидов на разговор, бидејќи наводно можеле да ми помогнат во работата, иако веќе почнав да работам на Хепи. Отворено добив понуда од еден човек да бидам проститутка! Ме следеле уште на универзитетот и сфатиле дека сум фатална и високо интелигентна жена. Ним им требала токму таква, а притоа совршено зборувам шпански и англиски јазик. Требаше да бидам распоредена и да работам со шпанските фудбалери. Јас требаше да бидам задолжена за два големи шпански клуба… Јас требаше да бидам конкубина на главните луѓе на тие клубови. Во таа игра имаше и една старлета. Таа требаше да раководи со некои кланови и мафијата, требаше ние двете да „оперираме“ – раскажала Јеремиќ, но не сакала да открие имиња:

– Човекот што ми го понуди тоа денес е на „црната листа“ на Србија и повеќе не може да влезе во нашата земја. Никогаш нема да го откријам неговиот идентитет. Ми кажа дека истражувале за мене, дека сум шармантна и дека само јас и Северина имаме четири дупчиња на лицето кога се смееме. Ме праша: „Зошто да носиш фустани од 5.000 динари кога можеш да носиш 5.000 евра?“.

Се разбира, на Јована не ѝ паднало напамет да ја прифати понудата.

– Посебен услов беше никогаш повеќе да не контактирам со родителите, тогаш се вклучи црвеното светло. Им се заблагодарив и им кажав дека не ме интересира.Тие тоа не го претставуваат како елитна проституција, туку како можност од соништата. Ти ветуваат дека ќе носиш дијаманти, ќе имаш свој возач, ќе го запознаеш светскиот џет-сет, кој е сон на секоја млада девојка на студии. Така ги врбуваат. Подоцна повторно се обиде да ме врбува и сакаше да бидам заштитно лице на неговиот бренд, а потоа ме заштите мојот тогашен работодавец, кому детално му ја раскажав вистината – изјавила Јована во поткастот „Причаоница Сање Ќулибрк“.

Со кнедла во грлото Јована открила и како еден политичар се обидел да ја силува.

– Тој политичар беше пријател на моите родители и често доаѓаше во нивниот ресторан. Го замолија да ме поврза со сопственикот на телевизија бидејќи тогаш немав работа. Требаше да одиме на вечера, но ме излажа дека не му е добро и ме одвлече во неговиот стан. Ме фрли на гарнитурата и легна врз мене, го почувствував мирисот на старечки здив. Никогаш нема да го заборавам! Тогаш само размислував како да се ослободам, го треснав меѓу нозете и го соборив. Се плашев да не му ја повредам главата и да не го убијам. Побегнав и никогаш повеќе не му се јавив. Кога подоцна ми гостуваше во емисија, се однесувавме како ништо да не се случило – раскажала Јована, на која не ѝ било лесно да се присети на таа вечер.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо
Се вчитува....