17:40 - 23 февруари, 2026

Лепа Брена првпат го видела Боба во весник: „Си реков – леле колку е сладок!“

Лепа Брена и Боба Живоиновиќ важат за еден од најпознатите брачни парови на Балканот. По речиси четири децении брак, нивната врска и понатаму изгледа стабилна и исполнета.

Иако ретко зборуваат за приватниот живот, Брена во едно интервју откри интересни детали за нивните почетоци.

– Сосема случајно го видов Боба на насловна страница од ТВ додаток. Имав слободен ден, што беше реткост бидејќи имав и по два концерта дневно. Пријателот ми рече: „Тоа е нашиот најдобар спортист“, а јас му одговорив: „Ју, што е слаток, баш би сакала да го запознаам.“ И веројатно универзумот ме чу – раскажа Брена со насмевка.

Таа откри дека ја освоил со својата живост и поддршка.

– Ми се допадна тоа што беше енергичен и секогаш ми отвораше врати кога имав проблем. Сакав покрај себе силен маж, за да можам понекогаш да бидам слаба, да плачам, да побарам совет, да ме утеши и да ми каже: „Ќе биде сè во ред, ќе го решиме“.

Сепак, и во нивниот дом не минувало без недоразбирања. Брена низ смеа признава дека знае кога работите стануваат сериозни – кога Боба ја вика по вистинското име.

– Во куќа полна со тестостерон, се обидував да држам рамнотежа. Чим не ме вика Беки, туку Фахрета, знам дека ситуацијата не е најдобра.

Иако понекогаш се налутела, вели дека отсекогаш била стабилна личност – нешто што ѝ го вградила мајка ѝ со многу совети кои, иако понекогаш ѝ биле тешки за слушање, подоцна ѝ станале вредни животни поуки.

Пејачката откри и дека кавгите биле почести во раните години од бракот.

– Постојано се лутевме еден на друг. Во брак мора да има договор, а Балканците се навикнати да бидат апсолутни лидери. Жената е составен дел од семејството и со неа мора да се договарате – за бизнис, за децата, за домот… има две илјади теми – заклучи Брена.

Слични објави

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо

„Колку килограми се здебели, веќе немаш врат?!“: Сара Јо без шминка и во пижами одговори на грубото прашање

Еспресо

Уапсена малолетничката која гасела цигари на јазикот на брутално мачениот син на Снежана Ѓуришиќ

Еспресо

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Еспресо

(Фото) Најдрското издание на Наташа Беквалац: Облечена во боди-танга ги покажа тетоважата и задникот

Еспресо

Неверојатно: Азис собрал над 1 милион евра од своите концерти

E.A.
Се вчитува....