21:20 - 7 април, 2026

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

По скандалозните обвинувања што ги изнесе Александар Станимировиќ, член на бендот „Амадеус“, против својата поранешна сопруга Снежана во кои, меѓу другото, тврди дека таа го изневерила со ученик од школата и дека на интернет постои нивно експлицитно видео,  страстите не се смируваат.

Екипата на српски „Курир“ успеа да контактира со Снежана, која кратко ги прокоментира тврдењата на музичарот за нивниот бурен однос и обвинувањата дека го изневерувала и користела недозволени супстанции.

Немаат контакт

„Го видов што изјави и не сакам да се појавувам во медиуми. Би препорачала во полиција да се проверат сите пријави за семејно насилство и кој се дрогира. Јас не би се огласувала, но мојата ќерка, која е полнолетна, ќе ви раскаже сè“, ни порача Снежана.

Скоро веднаш се огласи и Васка, која изнесе уште поскандалозни тврдења за својот татко:

„Не е нормално еден татко, каков и да е, јавно да кажува вакви работи. Ако не поради ништо друго, тогаш поради своето дете и поранешната жена. Тоа е негов срам. Не е нормално јавно да се понижува и да не понижува нас. Ние немаме ништо против него. Пред неколку месеци ме претепа. Сега живеам со мама во Ниш. Ме тепаше и ме шишаше поради една глупост и недоразбирање со моите другари. Беше многу агресивен. Дознав дека се дрогира. На видеото што излезе во јавноста, мајка ми е претепана и приморана да повлече линија. Сето тоа го објавува од својот бес и каприц. Немам никаков контакт со татко ми. Само што го повикав пред пола час да му кажам дека не е во ред тоа што го зборува. Тој вели дека ме сака и дека сум негово дете. Но јас не верувам на зборови, туку на дела. Никогаш не беше тука за мене. Не го памтам од детството  секогаш работеше или беше со некои жени. Сето тоа го објави јавно затоа што во својот ум измислил дека ние го изневеривме, затоа што заминавме од него. Кога ме претепа, повикав дедо да дојде по нас. Бевме многу уплашени. Психички ја малтретираше мама. Сега ни се одмаздува затоа што побегнавме. Дознав дека тато користи кокаин. Ако тука немаше дрога, зошто би го правел сето тоа?“.

Васка го коментираше и тврдењето на татко ѝ дека на интернет постои видео од нејзината мајка со ученик:

„Тоа не е вистина. Мајка ми никогаш не го изневерила, а тие беа заедно од 14-та година. Никогаш немала друг маж освен него, а тој за време на бракот постојано ја изневеруваше. Имаше една врска од шест години и друга од две. Кога бев мала, една ноќ се разбудив и го видов во креветот со друга жена. Тој ученик за кој зборува е поранешен ученик на мама. Се допишуваа само професионално, без интимност. Таа децата од училиште ги гледа како свои. Тоа го измисли во својата глава. Јас не го видов порно клипот. На тоа видео мајка ми е со него во кревет, не со ученикот. Така ми кажа мама. Тато ги снимаше тајно дома за време на односот. Ја претепа и ја примора физички да повлече линија. Мајка ми е многу потресена, плаче и е во стрес цел ден. Тато тврди дека на видеото е некој друг, не тој. Мама се сеќава кога е снимано“, вели Васка, која додека дека ако го види на улица ќе се уолаши.

„Скоро ми испрати порака од непознат број дека ќе ја убие мама. Што се однесува до пријавите во полиција  пријавивме упад во стан, тогаш ни украде сè. Беше по разводот. Пријавивме и за закани. Му посакуваме сè најдобро, а тој не не остава на мир“, заклучува Васка на работ на солзи за „Курир“.

Слични објави

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.
Се вчитува....