Јелена Карлеуша повторно предизвика реакции на јавноста со своите изјави на социјалните мрежи, овој пат коментирајќи ја музичката сцена на Балканот и стандардите во естрадата.
Пејачката се огласи на Фејсбук, каде што во последно време е особено активна, нагласувајќи дека регионот заслужува напредок, а не назадување кога станува збор за музиката и продукцијата.
„Србија и целиот Балкан заслужуваат да се оди напред, уметниците да се борат да ги поместуваат границите, како во музиката, така и во продукцијата, трудот, вложувањето, одрекувањето, талентот, желбата… Балканот не смее да биде синоним за испотена пејачка што игра стомачен танц, Балканот заслужува да биде свет што сите го следат, копираат и ценат!“, напиша Карлеуша.
Нејзината објава предизвика бројни реакции, а дел од корисниците на социјалните мрежи коментираа дека пораката е насочена кон Теа Таировиќ, со која Карлеуша со години е во конфликт.
Дополнително, Карлеуша неодамна јавно ја критикуваше Таировиќ и по нејзината посета на Спомен-куќата на Тоше Проески во рамки на турнејата во Македонија.
По објавените фотографии, на кои Таировиќ во еден момент и се расплакала, Карлеуша реагираше со остар коментар: „Ништо во последно време не ме згадило како сликата на естрадата која го користи името на Тоше Проески и неговата спомен-куќа за евтин маркетинг пред некаков настап во Македонија“, напиша таа.
Ова не е првпат двете пејачки да разменуваат критики, а нивниот однос со години привлекува внимание во јавноста.
