9.8 C
Скопје
17:29 - 27 октомври, 2026

Халид Бешлиќ префрлен на онкологија: Менџерот откри во каква состојба е пејачот

Легендарниот пејач на народна музика, Халид Бешлиќ, веќе неколку дена се наоѓа на болничко лекување, поради што беше принуден да ги откаже закажаните концерти.

Во јавноста кружат бројни шпекулации околу неговата здравствена состојба – од информации дека веќе излегол од болница, па сѐ до тврдења дека е во тешка состојба. Сепак, неговиот менаџер Недим Срња ја разјасни ситуацијата.

„Халид моментално е префрлен на клиника за онколошки пациенти, се чувствува добро, прима терапија и оди на подобро. Сакам да демантирам гласини дека му откажале органи или дека е во лоша состојба – ништо од тоа не е вистина,“ изјави Срња.

Бешлиќ прво бил сместен на одделот за нефрологија во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, откако пред неколку недели го откажа настапот на Саемот на слива во Градачац.

„И покрај огромната желба да биде со својата публика на првата саемска вечер, Халид мораше да го стави здравјето на прво место и да започне процес на рехабилитација,“ стоеше во соопштението на туристичката заедница на Градачац.

Слични објави

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо
Се вчитува....