13:27 - 8 април, 2026

(Фото+видео) Лепа Брена неутешна на комеморацијата за Саша Поповиќ, не може да ги запре солзите

Денеска се собраа семејството, пријателите и колегите на комеморацијата и погребот на неодамна починатиот Саша Поповиќ.

Покрај семејството, на последното испраќање на Поповиќ пристигнаа и бројни српски јавни личности. Меѓу нив, била и пејачката Лепа Брена, видно скршена од болка поради загубата на Поповиќ.

Лепа Брена се гушела во солзи по завршувањето на комеморацијата за Саша Поповиќ, а цело време ја придржувал синот Виктор.

Фотографиите од Лепа Брена можете да ги погледнете – ТУКА.

Потоа, присутните ѝ приоѓале да ѝ изразат сочувство на сопругата на Поповиќ, Сузана, а Брена едвај ги запрела солзите.

Откако ја прегрнала Сузана, Брена целосно се „скршила“ и почнала да се гуши во солзи. Брена во еден момент се држала за лицето со рацете.

Поп-пејачката Марија Шерифовиќ одржала говор на комеморацијата на Саша Поповиќ. Нејзините зборови расплакале многумина, особено вдовицата Сузана Јовановиќ.

– Многу работи во животот нè дочекуваат неверојатно, а ти, мој Сале, сега баш нè изненади. Сите нас, а еве и мене, по којзнае кој пат. Никогаш порано не сум го правела ова, дури и не знам како се подготвува за вакви работи, особено кога зад мене стои слика од некој мој. Од сите луѓе кои дојдоа овде денеска, јас можеби најкратко те познавав, но во последните 10 години поминав толку многу време со тебе што мислам дека си во мојот живот откако знам за себе. А всушност и си!“ – порачала Шерифовиќ.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....