13.8 C
Скопје
14:32 - 28 октомври, 2026

(Фото) Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ заедно го освоија Титов Врв: „Уживам во ова толку многу“

Балерината Стефанија Гаштарска и пратеникот Амар Мециновиќ слободните денови ги искористија за планинарска авантура на Шар Планина, искачувајќи се на Титов Врв – највисокиот врв на планинскиот масив.

Двојката на социјалните мрежи сподели фотографии од заедничкото искачување, откривајќи дека љубовта кон природата и планинарењето е уште една работа што ги поврзува.

Стефанија призна дека не очекувала планините толку многу да ја освојат.

„Титов Врв, Шар Планина.

Ако некој ми кажеше дека јас толку ќе уживам во сево ова, немаше да поверувам… Уживам во ова толку многу…“, напиша таа покрај фотографиите.

Во меѓувреме, Амар Мециновиќ откри дека зад себе има богато планинарско искуство на Шар Планина.

„26 врва на Шар Планина. Едниот, највисокиот – пет пати“, напиша тој, откривајќи дека Титов Врв досега го искачил петпати.

Слични објави

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.
Се вчитува....