00:39 - 8 април, 2026

(Фото+видео) Ѕирнете во станот на Бака Прасе од 2 милиони евра! Јутјуберот ужива со девојката во луксуз од 270 метри квадратни!

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ или Бака Прасе се всели во нов стан со својата девојка Ања Бла. Тој сега покажа како изгледа нивниот животен простор, каде сè „пука“ од луксуз.

Тој на својот канал на Јутјуб објави видео каде веднаш се пофали дека неговиот нов стан вреди дури 2.000.000 евра. На почетокот покажа како изгледа влезот во гаражата, а потоа и своите скапи автомобили кои беа паркирани внатре. Бака Прасе има една забелешка за влезот, бидејќи мисли дека плафонот е спуштен, а планира да купи џип.

Станот има 270 квадрати. Има и гостински апартман со бања. Тука има уште две бањи, како и спална соба, но и катчето на Ања. Нејзиниот гардеробер, како што рекла, најмногу го зафаќале фустаните кои не ги носи, а покажала и скапи чанти од светски брендови. На масата за шминкање има и два ролекса, со кои таа се пофали, а Бака се пофали дека тој ѝ ги купил двата часовници.

Во станот има и теретана, сауна, соба за масажа, а тапетите се направени од, како што нагласи, кашмир. Во една соба има и камин. Вклучено е секако подно греење како и скап мебел.

Во еден момент на видеото се гледа и мајката на Ања, а како изгледа новиот простор за живеење на Бака Прасе, дошле да видат и неговите родители и пријатели.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....