8.8 C
Скопје
20:06 - 19 февруари, 2026

(Фото) На Лепа Брена ѝ се вградени шрафови: Ова се новите детали за повредата по паѓањето на сцената

Лепа Брена синоќа на концертот во загрепската Арена доживеала несреќа, поради што завршила на операција, ѝ биле вградени завртки во зглобот.

„Вечерњи лист“ дознава од Клиниката за трауматологија дека пејачката добро закрепнува и дека наскоро ќе биде пуштена од болницата, а по правило ваквите пациенти се отпуштаат од болница два дена по зафатот.

Со оглед на процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, се одложуваат најавените концерти кои требаше да се одржат денеска, 10 декември, и на 16 декември во Арена Загреб.

Во зглобот ѝ се вградени шрафови и ќе мора да мирува 10 дена, пишува „Вечерњи.хр“.

Да потсетиме, Лепа Брена ја скрши ногата на самиот почеток на синоќешниот концерт во Загреб. До несреќата дошло кога член на техничката екипа паднал од бината во лифтот и се здобил со полесни телесни повреди токму во моментот кога Лепа Брена го чекала своето излегување пред публиката и на тој начин ја повредил. Лепа Брена го оперирала зглобот на клиниката за трауматологија во Загреб откако паднала на синоќешниот концерт.

Пејачката по операцијата се огласи на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Драги моја… Животот нè потсети, по којзнае кој пат, колку е важно во срцето да чуваме и да се сеќаваме на сè убаво што имаме, бидејќи ништо не се подразбира и сè брзо поминува. Но, исто така, нè потсетува дека убавите моменти секогаш доаѓаат повторно“, ја започнала својата изјава Брена на својот инстаграм-профил и продолжила:

„За жал, синоќа во текоте на еден од незаборавните моменти на концертот, на половина концерт се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица од тој пад ја скршив ногата. Не сакав да застанам, туку за љубовта на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од срце“.

 

Слични објави

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо
Се вчитува....