12:31 - 16 септември, 2026

(Фото) На 43 години, тој е вистински ѕвер! Златан Ибрахимовиќ на ова ја должи тајната за својот младешки изглед 

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ изгледа исклучително младешки и на 43 години, а неговата неверојатна физичка форма и извајани мускули сведочат за фактот дека е во полна сила. Клучот за неговата виталност и енергија лежи во специфичната исхрана и железната дисциплина.

Фудбалерот со години е во спортот, а резултатот се мускулите и топ формата на која можат да му позавидат двојно помлади од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatan Z10 (@zlatan_z10)


Ибрахимовиќ не сака да го истакнува своето тело, меѓутоа, светските папараци го ловат насекаде, па успеале да го „фатат“ на плажа познатиот фудбалер.

Дневната исхрана на Златан првенствено се состои од бело месо, свежо овошје и зеленчук, а си дозволува и сушено говедско месо, односно брезаола. Меѓутоа, правилата на кои се придржува се исклучително ригорозни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@zlatan)


Ибрахимовиќ јаде само нерафиниран шеќер и обрнува големо внимание на количината и квалитетот на храната што ја јаде. Иако понекогаш си дозволува да „згреши“  – најчесто во текот на летото или по натпреварите кога еднаш неделно се наградува со пица или јадење по свој избор – тој е исто така исклучително внимателен во врска со количината на храна што ја јаде, објави своевремено „Дневник хр“.

Меѓутоа, тој избегнува секаква замрзната храна, дури и сладолед, додека тестенини јаде во ретки прилики.

Познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е сон на многу дами, но неговото срце го освоила Хелена, која е 11 години постара.

Љубовната приказна на Златан и Хелена започнала во 2002 година, кога нивната судбоносна средба се случила на паркинг во Малме, Шведска.

Двојката набрзо започнала романса, а од нивната љубов се родиле две деца.

Слични објави

(Фото) „Сѐ е помалку важно од семејството“: Јована Јеремиќ отиде да ја земе ќерка си од училиште со свршеникот

Еспресо

(Видео) Тамара Тодевска со Хана и Дарен приреди изненадување на плажа – погледнете ја реакцијата на Тијана

Еспресо

(Видео) Јелена Карлеуша за односот со Душко Тошиќ: „За 17 години брак никогаш не ми кажа убав збор“

Еспресо

(Фото) Семејна идила покрај море – Александра Јовановска од МТВ на прв одмор со Лука и Ангел

Еспресо

Хороскоп за 16 септември: Девиците ќе се посветат на хоби, Стрелците ќе имаат деловни поволности

Еспресо

Дара Бубамара без влакна на јазикот за Џејла: „Секогаш таа некако излегува сирота“

Еспресо
Се вчитува....