13:44 - 8 април, 2026

(Фото) Мајли Сајрус се соблече целосно гола: „Се чувствувам толку моќно!“

Поп-ѕвездата Мајли Сајрус повторно го привлече вниманието со провокативен потег – таа се соблече целосно гола за новата есенско-зимска кампања на француската луксузна модна куќа „Мезон Маржела“.

На фотографиите, направени од легендарниот италијански фотограф Паоло Роверси, 32-годишната пејачка е покриена само со бела боја за тело и препознатливите Таби чевли, додека во рацете држи нов модел на култната 5АC чанта.

„Стоев гола за модна кампања и тоа ми изгледаше моќно – носев само боја на телото и таби чевли. Во тој момент, јас и Маржела станавме едно“, изјави Сајрус.

Фото: Инстаграм/Мајли Сајрус

Белото боење на телото е омаж на препознатливата „бјанкето“ техника на куќата, воведена уште во 1989 година. Сајрус, со изрусени веѓи и минималистички изглед, дополнително го истакна контрастот помеѓу кревкоста и силата, што е во сржта на колекцијата.

„Мезон Маржела“ објаснува дека новата линија се темели на концептот на „спасување и обновување на гардеробата“, па облеката носи предизвикани набори, избледени бои и впечаток на повторно оживеани парчиња – како моден омаж на трајноста и отпорноста.

Фото: Инстаграм/Мајли Сајрус

Покрај голата фотографска серија, Сајрус позира и во волнен капут, сатенски фустан и здолниште, кои ја претставуваат карактеристичната естетика на „Маржела“.

Ова не е првпат Сајрус да изненади со соработка со големи модни имиња. На годинешната Мет гала таа носеше уникатно парче од „Алаја“, кој според неа симболизирал „идентитет, сила и гордост“.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....