05:22 - 27 февруари, 2026

(Фото) Личат на мајка им: Ова се синовите на Лидија Вукичевиќ

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ не крие дека е многу горда на своите синови Давид и Андреј, кои ги доби за време на бракот со поранешниот фудбалер Митар Мркела.

„Имаат семеен код, традиционален однос и сакаат да кажат – ова е нашиот семеен собир. Ми беше дојдена една другарка на гости, Андреј си одеше, бидејќи живее во Вождовац, ме бакна мене, па Давид, а таа рече: ‘Не сум видела некои браќа толку да се сложуваат’. Најсреќна сум поради тоа, тоа е огромна работа во денешно време“, изјави неодамна Лидија Вукиќевиќ.

Вукичевиќ истакна дека не сака да ги малтретира со темата за брак и внуци.

„Бесмислено ми е да ги прашувам, таквите чекори се преземаат кога човек ќе посака… Имаат девојки, долго време се во врски. Примитивизам е да прашам, затоа што на бракот и љубовта гледам поинаку, тоа е од емоции, не е нешто во стил – дојдоа годините, па мора да биде. Не треба ништо да правите“, додала таа.

За внуците, вели таа, таа ќе биде Лидија, а не баба.

„Нема да бидам класична баба, бидејќи не бев ни класична мајка на моите деца. Одевме во продавница среде ноќ. Се разбира, додека не почнат обврските“, истакнува актерката.

Лидија открила и дека воопшто нема никаков проблем да биде во врска со значително помлад партнер, за што долго време на големо се зборува.

„Годините не значат ништо, бесмислено е да се пресметува“, изјавила актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Слични објави

(Фото) Краткиот шорц ѝ ги истакна долгите нозе: Ќерката на Здравко Чолиќ на ноќно излегување по бомбашкиот напад на нивниот дом

Еспресо

„Ќерките се селат и се мажат, нормално е“: Харис Џиновиќ за преселбата на Ѓина во Барселона и неговиот зет

Еспресо

(Фото) Дечкото на Тања Савиќ го прослави 30. роденден: Муки направи фешта, а „падна“ и бакнеж

Еспресо

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Еспресо

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо
Се вчитува....