12.8 C
Скопје
11:26 - 11 април, 2025

(Фото) Алба како пеперутка: Хана Хуљиќ објави ретка фотографија од ќерка ѝ

Музичарката Хана Хуљиќ Грашо објави необична фотографија од својата ќерка Алба на Инстаграм, што ретко го прави.

Сликата е направена во школа за странски јазици во Сплит, а на неа, покрај Алба, има и неколку други девојчиња. Сите се облечени во идентични костими со волшебни крилца и магични стапчиња, како вистински мали вили.

Алба ова лето ќе наполни три години. Покрај неа, Хана и нејзиниот сопруг, пејачот Петар Грашо, имаат и син Тони, кој неодамна беше крстен.

Хана неодамна присуствуваше на концерт на Петар во Белград, а со себе го поведе и малиот Тони.

„Хана вечерва беше на концертот, а со нас беше и нашиот четиримесечен син Тони. Ова му е прво патување, додека ќерка ни, која има две години, веќе е искусна патничка. Сите заедно уживаме, а утре не чека прошетка низ Белград. Сопругата ми рече дека концертот бил одличен“, изјави Грашо за српски „Блиц“.

Да потсетиме, Хана и Петар станаа родители во јули 2022 година, кога се роди нивната ќерка Алба. Двојката се венча неколку месеци претходно, во февруари, на интимна церемонија во сплитската црква „Св. Доминик“, во присуство на најблиските. Кон крајот на октомври 2023 година, нивното семејство се прошири со синот Тони, кој го доби името по дедото на Петар.

Слични објави

Синот на Драгана Мирковиќ ги покажа мускулите: „Може да ме видите само во црква и во вежбална“

Еспресо

(Фото) Стоела среде мост оскудно облечена: Наташа Беквалац изненади со чудната објава!

Еспресо

Почина хрватската манекенка Луси Марковиќ на 27 години: Се бореше со тешка болест

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

(Фото) Тенка половина и бујно деколте: Теа Таировиќ позираше во црвен костим за капење и ја истакна својата фигура

Еспресо

„Ќе бидам во стилот на Лејди Гага“: Маја Николиќ е среќна за новата ортопедска чизма за нејзината скршена нога

Еспресо