9.8 C
Скопје
18:41 - 26 октомври, 2026

Драгана Левенска со повредена рака по судир со тротинет: „Се разбравме, но сите да внимаваме“

Македонската театарска и филмска актерка Драгана Левенска доживеа незгода во близина на својот дом, откако се судрила со лице кое управувало тротинет.

Инцидентот се случил во уличка додека таа излегувала од зградата, кога тротинет ненадејно ѝ пресекол пат. Според нејзиното сведоштво, ударот бил со мала брзина, што спречило посериозни последици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Levenska (@levenska_dragana)


Како резултат на судирот, Левенска заработила скршеница на надлактицата и ќе мора да носи мобилна лонгета во наредните пет недели.

„Добра сум, за среќа не е ништо сериозно. Можеше да биде многу полошо“, ИЗЈАВИ АКТЕРКАТА ЗА „ЦРНОБЕЛО“, додавајќи дека со момчето кое го управувало тротинетот се договориле без дополнителни проблеми.

Таа упати и јасна порака до сите учесници во сообраќајот.

„Апелирам до сите што возат тротинети да внимаваат и да ги почитуваат правилата. Не излегувајте ненадејно од секоја страна. Безбедноста важи за сите – и за пешаците и за оние што возат“, додаде таа во изјава за истиот медиум.

Слични објави

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

„Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо
Се вчитува....