9.8 C
Скопје
09:53 - 24 март, 2026

Андреа Бочели повика на бојкот на мерките против короната

Коментарите на Андреа Бочели на конференцијата одржана во италијанскиот Сенат ги изненадија сите, со оглед на тоа што славниот тенот беше сметан за симбол на национално единство во екот на пандемијата.

Бочели го критикуваше одговорот на италијанската влада на пандемијата на коронавирусот, велејќи дека бил понижен со воведувањето на мерките за карантин.

Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата, иако не сторив никакво злосторство“, рече вчера Бочели на конференцијата на која присуствувале членови на опозицијата, вклучувајќи го и лидерот Матео Салвини, кој и самиот го критикуваше одговорот на Владата на пандемијата.

Ројтерс пренесува дека 61-годишниот оперски пејач признал дека ги кршел мерките на карантинот „затоа што сметал дека не е правилно и здраво да остане дома во негови години“.

Бочели верува дека ситуацијата не би можела да биде толку сериозна како што властите ја претставувале, со оглед на тоа што не познава никој кој поради коронавируст бил сместен на одделението за интензивна нега.

Тој, исто така, ги повика граѓаните да одбијат да ги почитуваат правилата кои сè уште се во сила.

Да одбиеме да го почитуваме ова правило. Ајде да читаме книги, да се движиме, да се запознаваме едни со други, да разговараме“, предложи тој.

Слични објави

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо
Се вчитува....