7.8 C
Скопје
08:48 - 17 март, 2026

Ана Николиќ со необичен ритуал: „На гробот на татко ми одам со звучник и штикли“

Пејачката Ана Николиќ откри дека има свој посебен начин на оддавање почит кон својот покоен татко.

Таа ја изненади јавноста со признанието дека секогаш носи звучник и штикли кога го посетува неговиот гроб.

„Секогаш кога одам на гробишта, си носам звучник и штикли. Еднаш мојот возач зачудено ме праша: ‘Навистина носиш звучник и штикли?’ Му одговорив: ‘Да, што има чудно во тоа?’ Таму разговарам со татко ми“, сподели Ана.

Таа раскажа и за уште еден феномен што го забележала со цигарите.

„Пушам повеќе од 30 години, но секогаш ги гасам цигарите на половина, како што правеше покојната Марина Туцаковиќ. Сепак, секоја цигара што сум ја запалила во чест на татко ми, догорела до крај. Никогаш не се случило поинаку“, откри пејачката, која татка си го загубила уште во детството.

На прашањето дали го сонува, Ана кусо одговори: „Би сакала да го сонувам почесто.“

Слични објави

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 март: Бидете трпеливи, успехот допрва доаѓа

apostolova

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.
Се вчитува....