0.8 C
Скопје
07:39 - 25 декември, 2024

Бекамови 21 година во брак: Се изневеруваат, па сè заташкуваат, а на крај остануваат заедно

Дејвид и Викторија Бекам денеска прославуваат 21 години брак, што е редок јубилеј кога станува збор за светски познатите личности.

Таблоидите ги етикетираат како „Бренд Бекам“. Тие успеале да ја остварат целта на Викторија која таа си ја зацртала уште во 2001 година кога рекла дека сака да биде позната како детергентот „Персил“.

Познатиот фудбалер во својата автобиографија напиша дека неговата сопруга го „избрала“ од албумот со самолепливи сликички, додека тој прво ја видел на телевизија. Формално се запознале во 1997 година на фудбалски натпревар.

Начинот на кој се запознале Дејвид и Викторија бил невообичаен. Не се работело за љубов на прв поглед, туку Викторија му се заканувала дека ќе го натепа ако не и се јави, а тој се срамел да и се јави. Кога попуштил, започнале врска, но во тајност, бидејќи Викторија тогаш била во врска со друг.

„Да, го изневерував тогашното момче Стјуард Билтон со Дејвид“, признала подоцна Викторија.

Набрзо се вериле и го добијале синот Бруклин.

Се венчаа во Ирска во дворецот Лутрелстоун, а церемонијата чинела 500 илјади британски фунти.

– Кога ме повика на состанок не знаев кој е. Никогаш немав следено фудбал – изјави Викторија во една прилика за нивната прва средба, додека Дејвид изјави дека во неа прв пат се заљубил кога прв пат ја видел во спот на групата „Spice Girls“.

Во 2002 година Викторија го роди и второто дете Ромео Џејмс, а во 2005 година Круз Давид.

Ќеркичката Харпер Севен на свет ја донесе во 2011 година.

Бракот со Викторија, Дејвид го направи уште пославен, а беше прогласен и за најубав маж во светот.

Сепак, не се непознати неговите афери.

Пред 18 години Дејвид „се сплеткал“ со Селин Лори, која тврдела дека имале секс за една ноќ. Една година подоцна фудбалерот не и одолеал на шпанската манекенка Естер Канадас, а потоа ни на Унгарката Мариан Фогораси. Неговата најпозната афера започнала во септември 2003 година во еден мадридски ноќен клуб со манекенката Ребека Лос.

Да се потсетиме, благодарение на напорната работа, промислените одлуки и неверојатната способност, семејството Бекам стана планетарно популарно. Тие успејаа да ја осварат и целта на Викторија која таа ја зацрта уште во 2001 година.

– Бекамови ја надрасна категоријата „обични“ познати лица, па така станаа бренд, инвентар на модерното општество на исто ниво како и вашите омилени овесни снегулки или семејниот автомобил – пишува „The Guardian”.

Тие, како што изгледа, сфатиле нешто што многумина не го сфатиле – славата доаѓа и проаѓа, но брендовите се вечни и живеат во главата на луѓето.

 

Слични објави

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо
Се вчитува....