11.8 C
Скопје
13:43 - 27 октомври, 2026

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

Бугарската фолк-пејачка Деси Слава отворено проговори за најцрниот период во кариерата, кога поради деловна измама од близок соработник останала без сите заштеди и паднала во огромни долгови.

Проблемите почнале во 2010 година кога го отворила сопствениот ТВ-канал DSTV. Човек од нејзиниот тим ѝ украл огромна сума пари, а таа цела година ги трошела последните заштеди за да ја спаси телевизијата. Останале без пари за нови песни, настапите секнале, а долговите само се трупале.

За тешката борба, духовното закрепнување и приватниот живот, пејачката откри:

„Тоа беше единствениот период во кој имав толку долгови и погрешни одлуки, не гледав каде е следниот чекор. Постојано плачев и не сакав со никој да зборувам, сè додека син ми не ме праша зошто плачам кога тоа нема да го реши проблемот. Тие негови мудри зборови ми дадоа сила повторно да застанам на нозе“.

Пејачката додаде дека утехата и спасот од стравот ги пронашла во молитвите и терапијата што ја научила на обуки во Бостон и Бугарија, користејќи ја за ослободување од стресот и здравствените проблеми со гласот. Покрај враќањето на сцената и исплаќањето на сите долгови, таа гордо истакнува дека на 45 години станала баба на малата Деси благодарение на постариот син Маики, додека помладиот син Борис (9) живее со неа и веќе покажува голем музички талент.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....