13.8 C
Скопје
10:31 - 20 ноември, 2024

За време на горештините магнезиумот ќе ве опушти и ќе ви ја регулира температурата на организмот

Да бидете на одмор и да страдате од надуеност и замор, сигурно не бил вашиот план кога сте тргнале.

Да ги спомнеме и рутините на кои ќе заборавите на летувањето, а тоа се здравата исхрана, вежбањето и одењето во кревет во одредено време. За да ги надоместите сите недостатоци, на патувањето треба да земете сè што можете за да се заштитите.

Зошто не смеете да одите на патување без овој важен минерал?

Магнезиумот, познат и како минерал за опуштање, игра важна улога во повеќе од 300 клеточни реакции во организмот и е важен речиси за сè – од функционирањето на нервниот систем до здравјето на коските, накратко за целокупното здравје. При секојдневна употреба, одличен е како помош кај менструалните грчеви, главоболките, варењето. Сето ова е исклучително важно да се знае ако одите на патување.

Уште поважно е ако земете предвид колку стрес доживувате, каква храна јадете, колку кофеин внесувате и со тоа го лишувате телото од овој важен минерал. Магнезиумот е првиот избор на лекарите кога станува збор за пациенти кои страдаат од хроничен стрес, напнатост, несоница или замор.

Како да се препознае недостатокот на магнезиум?

Недостатокот на магнезиум може да доведе до посериозни здравствени проблеми, какви што се срцеви аритмии, ангина, висок холестерол и висок крвен притисок, како и зголемување на ризикот од срцев удар.

Недостатокот на магнезиум може да се забележи многу лесно, а некои од симптомите се:

– абнормални и неправилни отчукувања на срцето

– грчење на мускулите, како и нивно треперење

– замор и чувство на исцрпеност

– главоболки

– лошо расположение што доведува до депресија

– ѕвонење во ушите

– проблеми со бубрезите, односно појава на камења во бубрезите

Како да ја добиете потребната количина магнезиум на летувањето?

Постојат многу начини на кои можете да внесете магнезиум во организмот, но првиот чекор секогаш треба да биде преку храната. За среќа, има безброј вкусни намирници полни со магнезиум, а можете да го најдете во зелениот лиснат зеленчук, житарките од цело зрно, кафеавиот (интегрален) ориз, млечните производи, семките, месото, морските плодови и рибата. Се препорачува да се внесуваат околу 250-300 милиграми на ден. Постојат секако и додатоци (суплементи) што содржат магнезиум и лесно можете да ги најдете.

Регулирање на телесната температура во горештините

Кога сте изложени на високи температури, телото работи прекувремено за да се разлади и да ја одржува рамнотежата помеѓу топлината што ја прима и топлината што ја губи. Луѓето со хронични болести имаат поголема веројатност да страдаат од последиците на горештините.

Потењето е природен процес во организмот, кој ни помага да се разладиме. Кога температурата на телото расте, во организмот веднаш ќе се ослободат солените течности од потните жлезди за да се разлади. Кога се потиме, исто така, ги губиме и електролитите, кои можеме да ги надоместиме со некои пијалаци, но тука како помош е и магнезиумот за да помогне во регулирањето на телесната температура и со тоа да го симнеме целиот притисок од организмот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....