9.8 C
Скопје
22:51 - 23 март, 2026

Лебедица умрела откако хулигани ѝ ги искршиле јајцата

Група тинејџери од Велика Британија наишле на лебедово гнездо во кое имало неколку снесени јајца. Тие со камења и тули ги уништиле штотуку снесените јајца, пред очите на женката и на мажјакот лебеди што живееле во пар. Неколку часови по немилиот настан, мажјакот лебед исчезнал, а женката починала лежејќи на гнездото, од тага поради уништеното потомство.

Хулиганите успеале да уништат три од вкупно шесте снесени јајца.

За преостанатите јајца се погрижиле активисти за зачувување на природата, но за жал, од настанот кој се случил пред неколку денови, па сѐ до сега, тие успеале да зачуваат само едно од јајцата, каде што во моментов сѐ уште се наоѓа живо неиспилено лебетче.

– Најверојатно умрела од „скршено срце“, бидејќи освен тоа што дел од потомството ѝ било уништено, таа била напуштена и од својот партнер, кој веднаш по настанот заминал, ја напуштил и не се вратил – вели Сем Водроу, активист што се грижи за лебедите.

Активистите, во соработка со полицијата, започнале истрага за да ги најдат сторителите, а група граѓани преку социјалните мрежи нудат и парична награда за секој оној кој ќе ги посочи можните сторители, сѐ со цел тие да се извадат пред лицето на правдата и да платат соодветно за сето тоа што го направиле.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....