1.8 C
Скопје
07:48 - 22 јануари, 2025

Имаат краток фитил: Три хороскопски знаци што не знаат да се контролираат, затоа останете настрана при кавга

Секој хороскопски знак има и добри и лоши страни. Некои, на пример, имаат слаби нерви.

Астролозите отркиваат со кои три знаци од Зодијакот да не се „рчкате“ зашто не ви се пишува добро. Тие имаат краток фитил, лесно ќе избувнат и ќе ве смачкаат.

Еве кои се на астро листата на хороскопски знаци кои не знаат како да се контролираат.

Стрелец

Кога Стрелецот пука во цел, тие навистина не сакаат да промашат. Ако некој се обиде да го спречи, тој станува многу агресивен. Ако се обидете да му се попречите на патот, тој ќе ја истури врз вас сета своја негативна енергија. Тоа е, благо кажано, непријатно искуство.

Тие не знаат да бројат до 10 пред да ги ослободат своите чувства, односно апсолутно не го филтрираат протокот на информации што доаѓаат од нив, иако кога ќе се смират може да зажалат за својата избувливост.

Овен

Не се ни обидувајте да го убедите во ништо. Овенот е дефинитивно најневоздржливиот хороскопски знак, што не е изненадувачки: неговата владејачка планета е Марс, богот на војната.

Овенот многу често ги губи нервите покажувајќи го својот импулсивен карактер.

Во исто време, тешко му е да се смири, не знае да преговара и да ги признае грешките.

Лав

Гледајќи го, може погрешно да помислите дека е целосно неагресивен и нема да прави проблеми без причина. Да, Лавот не се вклучува во туѓи кавги и во повеќето случаи не му е грижа што се случува наоколу, додека е на тронот и се чувствува како крал на џунглата.

Но, ако некој се обиде (макар и несвесно) да му го разниша тронот, битката е загарантирана.

Во такви случаи, Лавот е одмаздољубив и бескрајно агресивен. Не можете ни да замислите колкави се размерите на катастрофата со која ќе се соочите ако само застанете на неговиот пат.

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....