19:06 - 9 јануари, 2026

Пет причини зошто да ја одберете Европска очна болница: Персонализирани третмани и иновативни решенија за оптимален вид

Како да го одберете најдобриот офталмолошки центар денес кога комерцијализацијата и привлечно спакуваните рекламни пораки внесуваат конфузија – кому да ја доверите грижата и негата на вашите очи?

Не можете да си дозволите да одите на друго место, освен во најдобриот центар за вас, кога станува збор за лекување на еден од најважните органи на вашето тело. Затоа составивме листа од топ-5 причини зошто да ја одберете Европска очна болница (European Eye Hospital).

1. Од преглед до третман

Европска очна болница (European Eye Hospital) дневно ја посетуваат од 150 до 200 пациенти. Секој од нив станува дел од семејството на Европска очна болница и добива врвна медицинска услуга, од дијагностика до оперативен третман. Услугата е основана на девизата „од преглед до третман“, односно се овозможува брзо и ефикасно решение за пациентите што е особено погодно и за оние што патуваат.

2. Прва очна болница во Македонија

Европска очна болница е прва очна болница во Македонија, која постои повеќе од 13 години, а за нејзината успешност сведочат бројот на задоволни пациенти и бројот на успешно извршени хируршки интервенции. сетуваат од 150 до 200 пациенти.

3. Врвен тим лекари од Македонија и од Турција

Тимот лекари се состои од искусни офталмолози и офталмохирурзи од Македонија и од Турција, кои изведуваат најголем дел од хируршките интервенции во офталмологијата. Станува збор за искусни хирурзи со илјадници оперативни зафати зад себе.

4. Широка понуда на услуги и одлични цени

Европска очна болница е национален, регионален и европски референтен центар за дијагностичка, интервентна, клиничка и истражувачка дејност за очни болести, каде што не само што е гарантирана максимална грижа и задоволство на пациентите во однос на резултатите, третманите и на информациите, туку и во однос на цените што ги нуди, а понудата на услуги е голема. Хируршките интервенции вклучуваат: блефаропластика (850 евра); тумори на капаци; птоза (2000 евра); сондажа на солзни канали; дакриоцисториностомија; птеригиум (700 евра); ЛАСИК (Smile laser 650 евра, YAG laser 150 евра); кератопластика (700 евра); корнеален крослинкинг (700 евра); операција на катаракта (факоемулзификација); операција на глауком (очен притисок, 1500 евра); парс плана витректомија; операција на страбизам (1300 евра); витректомија (3000 евра); мултифокални интраокуларни леќи (1700 евра); кератопластика (6000 евра); надворешно перде (700 евра). Комплетен офталмолошки преглед изнесува 1500 денари.

5. Персонализирани третмани погодни и за најмалите деца

Тука, пациентот е во центарот на сите активности, а третманите се персонализирани. И не само за возрасни. Европската очна болница нуди и комплетен преглед за деца од најмала возраст. Мерење со призми и препорака за понатамошно лекување (корекција, оклузија, хируршки третман).

Експертскиот тим на Европска очна болница е тука за вас, закажете го вашиот третман или консултација на телефоните 02 20 50 999 / 070 309 126

Комерцијален ПР текст

Слични објави

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо
Се вчитува....