5.8 C
Скопје
10:54 - 27 декември, 2024

Истражување: Пропуштените плаќања на ратите можат да бидат ран знак на деменција

Истражувањето објавено минатата недела во медицинското списание ЈАМА ги анализирало здравствените осигуреници кои живеат сами ширум САД и ги следело нивните исплати на ратите на кредитот и трошоците на кредитните картички во текот на подолг период, објави Си-eн-eн.

Научниците откриле дека луѓето со Алцхајмерова болест или со деменција ги пропуштаат плаќањата и до шест години пред поставувањето на дијагнозата.

Тоа беше толку често што лесно го забележавме. Лекарите често велат дека деменцијата треба да се бара во банкарските извештаи, но мислам дека немавме идеја колку години однапред тоа може да се случува – изјавила Лорен Херш Николас, водителка на истражувањето од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Алцхајмеровата деменција погодува 5,8 милиони Американци постари од 65 години, а се проценува дека до 2050 година ќе има 13,8 милиони.

Истражувачите опфатиле повеќе од 81.000 здравствени осигуреници во текот на 20 години од 1999 до 2018 година.

Толку големиот примерок покажа дека пациентите на кои на крајот им била дијагностицирана деменција имале рани „финансиски“ симптоми.

Тоа е загрижувачки честа појава. Откривме дека пет до 20 отсто од пропуштените плаќања се однесувало на оние на кои на крајот им е дијагностицирана деменција. Многу фактори можат да влијаат на тоа да заборавите да ја платите ратата, но деменцијата се покажа како една од најважните во постарата возрасна група – рекла Николас.

Таа додала дека идејата за истражувањето ја добила додека ја гледала нејзината баба како се бори со деменцијата. Кога нејзината мајка открила предупредување од даночната управа во поштата на нејзината баба, таа понудила да се погрижи за финансиите.

Пораката на ова истражување е дека луѓето можат навреме да забележат дека нешто лошо се случува, вели Николас, и тоа може да спречи, на пример, губење на домот или финансиска измама на постара личност.

Оваа застрашувачка потенцијална нуспојава на деменцијата претходно не можевме да ја квантифицираме. Истражувањето овозможи да се испита дали тие анегдоти постојат во поголем обем. Депресивната вест е дека постојат – вели Николас.

Пациентите со пониско образование, кои подоцна развиле деменција, започнале да ги пропуштаат плаќањата на ратите и до седум години пред да се постави дијагнозата, открива студијата. Подобро образованите луѓе „финансиски“ симптоми покажувале дури во просек две и пол години пред дијагнозата.

Студијата откри дека постоењето на други тешки болести не влијаело на опаѓачката способност во донесувањето на финансиските одлуки.

Николас вели дека истражувањето покажало дека е забележливо влијанието на падот на когнитивните способности врз појавата на „финансиските“ симптоми, а не влијанието на другите посериозни болести, како што веруваат некои. Тешко е да се одговори на прашањето зошто кај понеобразованите луѓе порано се јавуваат финансиските симптоми.

Слични објави

(Фото+видео) Едвај ги задржа солзите: Јелена Розга го одржа првиот концерт од седумте закажани во Белград

Еспресо

(Видео) Метју Меконахи го прослави Божиќ во дуксер со српско знаме: Воодушевените обожаватели веднаш го забележаа ова

Еспресо

Хороскоп за 27 декември: Раковите ќе бидат љубоморни, Овните ќе се сомневаат во партнерот

Еспресо

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо
Се вчитува....