21:04 - 7 април, 2026

Загина пејач од „Ѕвездите на Гранд“ на 34 години, во сообраќајна несреќа со мотор

Српскиот пејач Предраг Пеѓа Бошњак загина во сообраќајна несреќа со мотор на 34-годишна возраст.

Пеѓа, кој е познат по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, е роден во Мостар, а според информациите во српските медиуми, трагично го загубил животот во несреќа откако паднал од мотор.

 


Неговата мајка со потресни зборови се прости од Пеѓа на социјалните мрежи.

– Почивај во мир, ангел – напиша мајката на Предраг.

Оваа тажна вест ги потресе неговите пријатели, колеги и бројни обожаватели, кои почнаа да се збогуваат со него преку социјалните мрежи.

Неговите профили на Инстаграм и Фејсбук се преплавени со пораки со сочувство, изрази на тага и неверување.

За неговиот талент наголемо се зборуваше кога учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ во сезоната 2013/2014, кога имаше 23 години.

Снежана Ѓуришиќ, Шабан Шаулиќ и Зорица Брунцлик со воодушевување зборуваа за неговиот глас, додека публиката хорски го следеше во текот на настапот.

Трагедијата се случила на обиколницата околу Палиќ околу 16 часот и 35 минути кога, како што е познато во моментов, Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од патот. Тој со тешки телесни повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица каде, и покрај големите напори на лекарите, синоќа починал. Како што се дознава, тој од обиколницата се движел на исток и поради непрописна брзина излетал од патот, јавува „Subotica.com“.

Музичката сцена загуби уште еден талентиран артист, а многумина ќе го паметат по неговиот препознатлив глас и харизма.

 

Слични објави

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо
Се вчитува....