11:32 - 8 април, 2026

(Видео) „Компас бенд” го одврзаа ќесето: Снимија високобуџетен спот, а песната е на српски јазик

Познатата група „Компас бенд“ годината ќе ја заокружи со уште еден музички проект, за кој вчера во ресторанот „Де Гама“ организираа дружба со најблиските соработници и медиумите, пред кои го претставија сработеното.

Се работи за нова песна и тоа на српски јазик со наслов „Очигледно“, на која како автор се потпишува нивниот пријател Зоран Рудан – Цеки, односно музика и текст, додека аранжманот е на Иле Спасев.

На промоцијата беа присутни и авторите, кои не го криеја своето задоволство од соработката со екипата на “Компас бенд”. За овој најнов музички проект се сними и високобуџетен спот, а како режисер на истиот се потпишува младата режисерка Ана Марија Јанковиќ.

Спотот е снимен на неколку локации во нашиот главен град, а за потребите на снимањето е користена специјална сценографија и визуелни ефекти.

„Ние сме презадоволни, како од авторскиот тим, така и од тандемот Ана Марија Јанковиќ и Дарио Јанковиќ. Очекуваме песната да и се допадне на публиката, а првите реакции се веќе такви. Ова беше наша втора песна за оваа 2024 година, но за следната 2025 година имаме многу и големи планови“, велат од “Компас бенд”.

Комерцијален текст.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....