11:38 - 8 април, 2026

(Видео) Ана Николиќ направи хаос во трговски центар: Среде бутик пробуваше фустан, па заводливо позираше, луѓето зачудено гледаа

Ана Николиќ може да се види секој ден во попладневните часови во трговскиот центар во Белград на вода, каде што ги посетува продавниците и пробува облека и чевли речиси до нивното затворање.

Сега, видео од пејачката како пробува мини фустан среде бутик стана вирано на социјалните мрежи. На Ана очигледно ѝ се брзаше, па немаше време да оди во соблекувалната, но тоа не ја спречи да седне во фотелја и да проба мини бел фустан и да позира во различни пози, па многумина коментираа дека единственото нешто што ѝ недостасува е вел.

Таа се камуфлирала со капа и големи очила за сонце, но тоа не помогнало многу, па сите што минувале покрај трговскиот центар љубопитно застанале и ја фотографирале пејачката која не обрнувала многу внимание на тоа.

Да потсетиме, Николиќ неодамна во истиот трговски центар предизвика скандал, кога ги навредуваше и понижуваше работниците, а потоа и менаџерот на продавницата бидејќи не можеле да го најдат друго парче од парот чевли што сакала да ги купи, па обезбедувањето морало да реагира.

@actress061 #ananikolic #hvaladovidjenja ♬ Hvala, Doviđenja – Ana Nikolić

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....