-0.2 C
Скопје
04:19 - 26 февруари, 2026

Сватовите ќе мора да потпишат бизарен договор! Розга им постави услов на гостите!

Пејачката Јелена Розга и композиторот Иван Хуљиќ решија да се венчаат меѓу најблиските пријатели и семејството! Пејачката и музичарот по завршувањето на церемонијата во општината ќе приредат интимна прослава, а сите гости, но и организаторите на свадбата ќе треба да потпишат договор за приватност.

Јелена Розга ангажирала адвокат за договорот за приватност, кој ќе треба да го потпишат сите гости на нејзината свадба. Според извор близок до парот, Јелена и Иван планираат интимна венчавка со семејството и најблиските пријатели. Посебно внимание ќе се посвети на приватноста. Сите гости ќе треба да потпишат договор за доверливост, а споделувањето фотографии и информации од прославата ќе биде строго забрането. Иван Хуљиќ не сака да се изложува на медиумите и приватноста му е најважна кога е во прашање организирањето на свадба.

Да потсетиме, Иван е син на Тончи Хуљиќ, еден од најпознатите музичари и композитори во регионот, а Јелена и Иван соработувале на неколку музички проекти пред да стапат во романтична врска. Тие беа заедно пред десет години, но врската не траеше долго. Си дадоа втора шанса, а пријателите велат дека Јелена Розга само чекала Иван да порасне доволно со оглед на тоа што е 11 години помлад од неа.

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....