00:22 - 8 април, 2026

„Свадбена забава на прасето Пепа“: Кети Пери се приклучува на актерскиот тим на популарната анимирана серија

Instagram

Поп-ѕвездата (38) ќе го позајми својот глас на нов лик, кројачката Ms Leopard (госпоѓа Леопард)

Во соопштение до медиумите, Оливие Думонт, претседателот на „Хасбро ентертејнмент“, наведе: „Ние сме воодушевени што таков талент од А-листата се придружи на семејните забавни авантури во серијата за прасето Пепа. Како родител и голем фан на самата Пепа, Кети Пери е совршена за гласот на госпоѓа Леопард“.

Според него, ангажманот на поп-ѕвездата е доказ за светскиот успех на серијалот.

Кети ќе го позајми гласот на новиот лик во Peppa Pig Wedding Party („Свадбена забава на прасето Пепа“) – специјално издание од три дела по повод 20-годишнината, а кое ќе се емитува напролет 2024 година.

Британската детска серија првпат почна да се емитува во мај 2004 година. Седмата сезона почна во март 2021 година и се емитуваше во над 180 земји.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....