15:22 - 8 април, 2026

Сања Вучиќ проговори за здравствените проблеми: „Едвај наоѓам сила да станам од кревет, немам енергија за живот“

Пејачката Сања Вучиќ често зборуваше за својата борба со здравјето и тироидната жлезда. Хашимото е автоимуна болест на тироидната жлезда, а Сања не крие низ што минува, па затоа одлучи повторно да проговори и да каже како се чувствува во моментов.

– Почнав со терапија, бев малку подобра психички, но физички … денес сум многу хронично исцрпена. Немам енергија за живот, генерално, во смисла дека надвор од работа не излегував од дома. Немам проблем со пропуштањето на некои настани или забави, тоа апсолутно не ме мачи и секако, тежината, тешко да ослабам, исто така ми е тешко да тренирам, што порано навистина го сакав. Тренингот ми беше вентил во кој многу уживав, но сега не можам, едвај наоѓам сила понекогаш да станам од кревет – рече Сања.

Како што изјави, самата помисла дека треба да работи понапорно ја прави да се чувствува непријатно.

– Самата помисла дека треба да одам и да бидам физички активна ме прави да се чувствувам вознемирено. Сега, не можам да си го дозволам тоа, особено откако започна летната сезона каде што морам да бидам во движење без престан, во комбе каде што не можам да спијам, во хотелски соби каде што креветот можеби не е удобен и работам до 4 часот наутро, а потоа тоа само влијае на моето расположение и така … тешко е – изјави Сања за „Адрија ТВ“.

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....