13:41 - 8 април, 2026

Поранешниот сопруг на Наташа Беквалац се разведува од третата сопруга, позната одбојкарка

Познатата српска одбојкарка Маја Огњеновиќ и поранешниот српски ватерполист Данило Икодиновиќ важеа за еден од најхармоничните парови на јавната сцена.

Како што ексклузивно дознава  српски „Телеграф“, познатиот пар неодамна одлучи да го прекине својот деветгодишен брак.

Според информациите што ги добиле, несогласувањата меѓу Данило и Маја биле редовни во изминатата година, но парот успеал да ги надмине, сè до ова лето кога решија да стават крај на нивната љубов долга повеќе од една деценија.

Според изворот, Маја Огњеновиќ и Данило Икодиновиќ седнале и се согласиле мирно да се разделат. Одбојкарката отпатувала сама во Италија, каде што престојува поради спортските обврски, додека поранешниот ватерполист останал во Белград. Од ова лето, тие не живеат под ист покрив.

Маја ги отстранила заедничките фотографии од Инстаграм, но оставила само една што јасно имплицира дека нејзиниот брак со Данило имал убави моменти.

Да потсетиме, Данило беше во брак двапати пред Маја. Од првиот брак ја има ќерката Анреа, додека од бракот со пејачката Наташа Беквалац ја има ќерката Хана.

Од друга страна, пред Данило, Маја беше во емотивна врска со кошаркарот Милош Теодосиќ.

Данило и Маја ја започнаа својата љубовна приказна пред 13 години, а на 31 декември 2016 година го кажаа судбоносното „да“ далеку од очите на јавноста.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....