16:32 - 5 декември, 2025

Почина учесничката на српското шоу „Никогаш не е доцна“: Ја загуби битката со ракот

Поранешната учесничка на српското музичко шоу „Никогаш не е доцна“, Весна Купрешак од Пожаревац почина на 55 -годишна возраст по долга и тешка болест. Пејачката долги години водела битка со ракот на јајниците и матката, а до последниот здив лавовски се борела.

По сознанијата дека боледува од карцином на јајниците и матката, се подложила на агресивни терапии, но во текот на престојот во болницата, добила и коронавирус, по што следела вистинска  борба за живот.

– Во мај 2021 година, ми дијагностицираа карцином на јајниците и матката, а веќе во јуни бев оперирана на Клиничкиот центар во Белград. Во болницата се заразив и со вирусот, па ме префрлија во Карабурма, инаку ковид болница. Што да ви кажам, штотуку оперирана, тргнав во нова борба. Осумнаесет дена се борев да преживеам, мојата крвна слика беше многу лоша, падна нивото на железо, а после сите тортури и борба изгубив дури 32 килограми – зборувала Весна во исповедта.

Поради драстичната промена во изгледот, дури и најдобрите пријатели не ја препознале.

– Ракот е многу подмолна болест, а превенцијата, поточно, редовната контрола е, сепак, најефикасната опција, во тоа се уверив на сопствената кожа. До 2018 година, редовно одев на прегледи, но наредната ја прескокнав со изговорот со „утре“, па тоа утре потраја. Дојде 2019 година и почеток на пандемијата. Стомакот почна да ми отекува, па побарав мислење на интернист, а потоа и на гинеколог. Кога ја слушнав точната дијагноза, бев очајна, во мене влезе страв и тонев во мала депресија – зборувала сега веќе починатата Весна.

Иако мислела дека го победила ракот, на Весна ѝ се вратила болест по една година. Сепак, таа не дозволувала да ѝ се уништи духот и се трудела секогаш да биде насмеана, дури и да настапува.

 

 

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....