11:33 - 8 април, 2026

Маргот Роби ѝ ги отплатила долговите на својата мајка со хонорарот од првата голема улога

Кога имала 20 години, Австралијанката Маргот Роби, ѕвездата на „Барби“, се преселила во Америка за да продолжи со холивудската кариера.

На почетокот ѝ било тешко, добивала мали улоги, а мајка ѝ Сари Кеслер зела кредит и ја ставила куќата под хипотека за да ѝ помогне финансиски.

По филмот „Вистински момент“, Маргот во 2013 година доби улога во „Волкот од Волстрит“ на Мартин Скорсезе. За тој филм добила голем хонорар и првото нешто што го направила со заработените пари е да го исплати целиот износ на заемот на својата мајка.

„Таа ја стави куќата под хипотека, ми позајми пари, а јас секогаш знаев дека морам да ѝ ги вратам тие пари.

„Дента кога заработив доволно пари за целосно да го отплатам долгот, ѝ реков: мамо, не треба повеќе да се грижиш за кредитот. Го нема“, рече Маргот во една пригода и додаде: Искрено, секој на мое место би го направил тоа за својата мајка“.

Мајката откри дека Маргот сакала да биде актерка од 12-годишна возраст. „Мислев дека е тешко да се биде актер и да се заработат добри пари. Бев загрижена дека сака да тргне по пат, кој, според мене, нема многу голема иднина.

„А сега Маргот ми вели: требаше да имаш повеќе верба во она што можам да го постигнам“, изјави Кеслер во интервју за „Вог Австралија“ пред неколку години.

„Апсолутно сум благословена што е во ситуација да го сака она што го работи, што е независна и што основа своја компанија“

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....