02:06 - 8 април, 2026

(Фото) Како ништо да не се случило! Лепа Брена повторно застана на нозе откако го скрши скочниот зглоб

Лепа Брена на својот Инстаграм сподели неколку видеа на кои се гледа како пејачката повторно оди по повредата што ја заработи на нејзиниот концерт на почетокот на декември минатата година.

Имено, познатата пејачка доживеа несреќа на 9 декември за време на нејзиниот трет концерт во Загреб кога врз неа падна член од нејзиниот тим. Брена во таа прилика се здоби со скршеница на скочниот зглоб, поради што по концертот беше итно операцирана.

По сите терапии, Брена целосно закрепна и сега повторно застана на нозе. Пејачката ги започна подготовките за својот концерт во Љубљана кој ќе го одржи на Денот на жената, поточно 8 март.

На видеата кои ги сподели на социјалните мрежи може да ја видиме брена како слободено се шета како ништо да не се случило, а она што се забележува е дека пејачката носела дури и високи потпетици.

Во интервју за „24 сата“ таа збруваше за подготовките на престониот концерт, но и за периодот на закрепнување од страшната незгода која ѝ се случи при настапот во Загреб.

„Среќна сум што сум во Љубљана и што имам убав повод. Подготвуваме посебен концерт, навистина прекрасен“, изјавила Брена.

Таа се осврна и на нејзиното опоравување од тешката повреда.

„Имав физикална терапија со физиотерапевт двапати дневно, потоа отидовме на одмор во потопли места, па продолжив и таму“, додала пејачката.

Да потсетиме, Брена во јануари се одмараше на Тајланд во придружба на нејзиниот сопруг. Таа со следбениците на социјалните мрежи сподели дека ужива во убавините на оваа егзотична дестинација.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....