23:19 - 7 април, 2026

Ивана Кнол разочарана од сместувањето во Германија: Платив илјадници за ова…

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол пристигна во Германија каде се подготвува за Европското првенство 2024, а на својот инстаграм-профил се пожали дека е разочарана од сместувањето во хотелската соба.

„Платив илјадници за „најдобриот хотел“ во Берлин, а собите се стари, греењето не работи, салата и базенот се во изградба. Не го препорачувам“, напишала Ивана.

Кнол им се пожали на своите следбеници дека морала да одвои голем буџет за сместувањето и објасни зошто тоа не и се допаѓа.

„Платив 650 евра за една ноќ, а во цената е вклучено: стара соба без греење, теретаната и базенот не се достапни поради реновирање, а уште повеќе, менаџерот е безобразен“, објаснила Кнол.

Во видеото кое го споделила прикачила и „доказ“ за тоа што го напишала, а ја снимила и собата во која се наоѓа.

Ивана ќе ги следи сите натпревари во Германија, каде пристигнала на 10 јуни. Навивачката откри и дека сè уште не знае што ќе облече на првенството.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....