5.8 C
Скопје
15:25 - 21 февруари, 2026

(Фото) Жељко Бебек наполни 79 години! Музичарот го прослави роденденот во Лондон

Легендата на југословенската рок-музика, Жељко Бебек вчера го прослави својот 79. роденден во друштво на најблиските – сопругата Ружица, ќерката Катарина и синот Ѕвонимир. Во моментот, семејството Бебек се наоѓа на патување во Лондон, каде што одлучија да го одбележат овој посебен ден.

Бебек, чие име е нераскинливо поврзано со култната група „Бијело дугме“, продолжува да биде инспирација за многу генерации со својот уникатен глас и харизма. Иако во позрела возраст, тој е активен во музиката, со редовни настапи и нови проекти.

Со ова семејно патување, музичарот покажа дека животот и музиката најдобро се слават во друштво на оние кои ни се најважни.

„Драги пријатели, денес, на мојот 79. роденден, сакам да ви се заблагодарам на сите од срце за прекрасните честитки, пораки и љубов што ми ги испраќате. Моментално сум во Лондон, опкружен со моето семејство, а нема подобар начин да го поминам овој посебен ден – со моите најблиски кои ми го разубавуваат секој момент. Со нетрпение очекувам нови средби, концерти и моменти што ќе ги создадеме заедно“, напиша пејачот на својот инстаграм-профил.

Жељко и Ружица стапија во брак во 2002 година, во прекрасниот Дубровник, а ќерката Катарина и синот Звонимир се плодови на нивната голема љубов. Тие се запознале сосема случајно на еден од концертите на Бебек, кога таа му побарала автограм.

Ова му е трет брак на музичарот, а од првиот и од вториот брак има уште две ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Željko Bebek (@zeljkobebek)

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....