01:46 - 8 април, 2026

(Фото) „Телото ме боли“: По разводот со Харис Џиновиќ, Мелина објави срцепарателна песна од Монако…

Харис и Мелина Џиновиќ љубовната приказна ја започнаа во 2002 година, а во текот на заедничкиот живот ги добија синот Кан и ќерката Џина. По 12 години врска, тие решија да ја официјализираат љубовта со брак.

Последниве месеци Мелина се пресели на Азурниот брег, во Монако, каде што се посвети на работа во модната индустрија. Таа неодамна се огласи на Инстаграм каде најмногу објавува содржини поврзани со својата работа, а во таа прилика го сподели и текстот на песната на Јована Пајиќ „Презиме се брише“.

Нејзината објава поттикна коментари дека се пронашла во песната, а делот што го сподели гласи:

„Мозокот ме боли, телото ме боли, очите ми се пресушија, солзите ги угушија, ова лудило е чисто, а само еднаш, а само еднаш, нешто кога би испила, себеси би се потопила.“

 

За потсетување, Мелина по разводот со Харис одлучи да се откаже од неговото презиме и да се врати на моминското презиме – Галиќ.

Како што претходно изјави пејачот, двајцата се запознале во Сараево, сосема спонтано, а нивната врска започнала како авантура.

Да потсетиме, Харис Џиновиќ реши да го прекине молкот, а како што тврди, причина за разводот е наводното неверство на Мелина.

„Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично изневерениот сопруг последен дознава. Луѓето велат дека разводот е најтешката работа по смртта. Малку би го негирал тоа. Ако не ти се допаѓа да си со мене, не сакам ниту јас да бидам со тебе”, рекол Харис за „Шоубиз“.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....