14:34 - 25 февруари, 2026

(Видео) Принцот од Врање драстично го промени изгледот пред Евровизија: Ја офарба и ја скрати косата, вака изгледа сега

Српскиот пејач Стефан Здравковиќ, попознат како Принцот од Врање, ќе ја претставува Србија на „Песна на Евровизија“ што оваа година се одржува во Базел, Швајцарија, во мај.

Подготовките се наголемо во тек, а Принцот од Врање одлучил да го промени својот изглед непосредно пред натпреварот.

Пејачот отишол во салон за убавина да ја бојадиса косата и да ја смени фризурата, па повеќе нема бушава пунџа и плетенки како што го видовме на срспкиот натпревар „Песма за Евровизију“, туку се исфарбал во потемна нијанса, малку ја скратил косата и ја исфенирал во бранови. Фризерот кој се грижи за неговата фризура истакнува дека е горд што го убедил Принцот од Врање да ги тргне плетенките и повеќе да не се враќа на таквиот стајлинг.

Неговиот нов изглед можете да го погледнете во видеото.

 

@lukapott.hair Preparations for Eurovision 2025 @Princ od Vranje #schwarzkopfprofessional #hairstyle #hairdresser #belgrade #haircolor #eurovision2025 ♬ original sound – Lukapot.hair


Да потсетиме, Принцот од Врање ќе ја претставува Србија со песната „Мила“.

По победата на српската „Песма за Евровизију“, песната малку ја изменил и доработил еден од најдобрите српски кантавтори, Жељко Јоксимовиќ.

Потсетуваме, иако дипломирал на Филолошкиот факултет, Принцот од Врање одлучил да вплови во музичките води, а малкумина знаат дека и неговите родители се музичари.

 

Слични објави

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо
Се вчитува....