Поминаа 20 години откако една од најубавите жени во регионот – хравтската актерка Ена Беговиќ – загина во страшна сообраќајна несреќа. Многумина не знаат дека Ена загина држејќи ја својата ќерка Лана в раце, која тогаш била бебе од само 45 дена. Денес, Лана е прекрасна млада девојка која неверојатно личи на својата мајка.
View this post on Instagram
Ена Беговиќ, познатата убавица со трагична судбина, за краток период остави неизбришлив белег на регионалната актерска сцена, а дури и по четврт век од нејзината смрт, таа е обожавана во сите земји од поранешна Југославија. Освен маестралните улоги што ги остави зад себе, од заборав ја чува и нејзината наследничка, Лана Радељак, за која се вели дека е и многу поубава од својата мајка. Иако води сосема поинаков живот, привлекува внимание каде и да се појави, но светлата на рефлекторите вешто ги избегнува.
View this post on Instagram
Лана имала само 45 дена кога Ена настрадала на 15 август 2000 година во сообраќајна несреќа во близина на Брач, а многумина се прашуваат како воопшто преживеала тогаш. Денес, таа е високообразована 24-годишна девојка со беспрекорен стил и уште позаносен изглед.
Таа беше плод на голема љубов. Имено, кон крајот на осумдесеттите години, Ена го запознала Јосип Радељак, електроинженер и богат бизнисмен од Сплит, нејзината фатална љубов, но и поранешен сопруг на актерката Беба Лончар. Од нивната љубов и брак се родила Лана.
Лана се обидела да ја запознае Ена преку фотографиите, улогите и приказните на блиски луѓе, но љубовта што ја чувствува кон неа ѝ дава сила да го живее животот со полно срце.
View this post on Instagram
Додека растела, поголемиот дел од времето го поминувала со своето семејство, а Миа Беговиќ, актерка и сестра на Ена, ѝ била како втора мајка. Се појавувала на настани посветени на Ена, но дури неодамна почнала да дава изјави за медиумите.
„Често ми дава совети, без разлика дали станува збор за деловни или приватни ситуации. Со оглед на неговото богато искуство, секогаш има нешто да сподели со мене, а неговите перспективи ми се од голема помош. Иако има голема разлика во годините меѓу нас, би рекла дека јас сум негова слаба точка, па затоа ми пристапува со многу внимание и поддршка“, неодамна изјавила Лана за својот татко за хрватски „Стори“.
Луѓето околу неа истакнуваат дека таа многу потсетува на нејзината покојна мајка, и по нејзината нереална убавина и по нејзиното однесување.
Веќе на 13-годишна возраст, Лана добила понуда да се појави на филмското платно, но одлучила да живее подалеку од рефлекторите, обидувајќи се да ја зачува својата приватност. Иако е многу млада, не ги користи многу социјалните медиуми, а образованието ѝ било прв приоритет.
Ќерката на позната актерка дипломирала во приватно основно училиште, а потоа посетувала Британско меѓународно училиште во Загреб. Желна за нови предизвици, таа ја променила образовната институција и дипломирала во елитната 15-та гимназија во Загреб.
Потоа решила да се пресели во Милано и таму да продолжи со студиите. Дипломирала на престижниот италијански универзитет „Бокони“, со насока економија и менаџмент.
View this post on Instagram
