5.8 C
Скопје
12:28 - 24 февруари, 2025

Еден свет – заедно дома: Светските музички ѕвезди пееја од своите домови за поддршка на здравствените работници (ВИДЕО)

Повеќе од 100 музички светски sвезди, вклучувајќи ги „Ролинг Стоунс“, Пол Макартни, Лејди Гага, „Килерс“, Стиви Вондер, Селин Дион, Андреа Бочели, Џенифер Лопез и Били Ајлиш, синоќа го одржаа виртуелниот концерт „Еден свет – заедно дома” во знак на поддршка на здравствените работници, во време на пандемијата на коронавирусот.

Овој уникатен настан, организиран од „Глобал ситизен” и Светската здравствена организација, кој траеше осум часа, започна со снимки од луѓе кои им аплаудираат на здравствени работници од нивните домови низ целиот свет.

Средствата собрани за време на концертот се наменети за Фондот за солидарно дејствување при Светската здравствена организација, но Лејди Гага јасно стави до знаење дека настанот не е за прибирање финансиски средства со донации од граѓани, туку фокусот е на забавата и пораките за солидарност. Светски лидери, корпорации и филантропи собраа 127,9 милиони долари, од кои 55,1 милион за Фондот за солидарност, а 72,8 милиони долари за здравствените работници и за сите оние кои се од суштинските дејности, а се во првите борбени редови против Ковид-19.

Лејди Гага, една од организаторите на концертот, рече дека настанот е „љубовно писмо за светот”.

Посветувајќи го шоуто на здравствените работници и на сите што се наоѓаат на првите редови, Лејди Гага изјави дека музичарите сакаат на овој начин да „возвратат за љубезноста што ни ја давате”, пренесува Би-Би-Си.

– Сакаме да преминеме на другата страна на оваа пандемија, а знаеме дека тоа и вие го сакате, рече пејачката, која изведе верзија од песната на Чарли Чаплин „Smile”.

Во програмата се вклучи и Пол Мaкартни, поранешен член на „Битлси“, кој рече дека здравствените работници се „вистинските херои” на оваа криза и се потсети на својата мајка Мери, која била медицинска сестра за време на Втората светска војна.

И покрај тоа што се наоѓаа на четири различни локации, членовите на „Ролинг Стоунс“ успеаја да ја  „You Can”t Always Get What You Want”.

Нијал Хоран, член на групата One Direction, ја изведе песната „Black and White”, со акустична гитара, од неговата дневна соба, а неговиот поранешен колега Лиам Пејн песната „Midnight“.

Брендон Флауерс и Роналд Ванучи, членови на групата „Killers”, изведоа една од нивните најпопуларни песни, „Mr Brightside“, додека Били Ајлиш настапи со песната „Sunny”.

Џон Леџенд и Сем Смит ја изведоа „Stand by Me” на Бен Е. Кинг, а настапија и Адам Ламберт, Џон Леџенд, Рита Ора и Тејлор Свифт.

Џенифер Лопез, Кит Урбан, Бурна Бој, Луис Фонси, Хозиер и Стиви Вондер ја изведоа песната „Lean on Me” на Били Витерс.

Шкотската музичарка Ени Ленокс настапи со својата ќерка, а воедно ја истакна важноста од потребата да се осигураме здравствените системи во сите земји да се доволно силни за да идентификуваат и спречат идни пандемии.

Бијонсе испрати порака за афроамериканската заедница.

– Афроамериканците тешко ги погоди оваа криза. Ве молам, чувајте се и себе и своите семејства. Знам дека е тешко, но бидете трпеливи, позитивни и молете се нашите херои, истакна ѕвездата.

Настанот кој многумина го оквалификуваа како концерт на векот, заврши со верзија на песната „The Prayer“, во изведба на Селин Дион, Лејди Гага, Андреа Бочели и Џон Леџенд.

Концертот беше поделен на два дела, од кои првиот, во траење од шест часа се емитуваше преку Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутју, а потоа следеше голем двочасовен концерт што го емитуваа трите најголеми американски телевизиски мрежи.

 

Слични објави

Славење кај Драгана Мирковиќ: Пејачката не ја крие среќата и се огласи со најубавите вести!

Еспресо

„Јас сум добро гаражиран олдтајмер“: Цеца Ражнатовиќ откри дали има дечко – „затоа изгледам толку добро“

Еспресо

(Видео) Ѝ го уапсија поранешниот, а таа највесела на журката: Милица Тодоровиќ објави хит видео, широка насмевка и убиствено деколте

Еспресо

(Видео) Славење во семејството на Гоца Тржан! Пристигнува принова, пејачката ја сподели радосната вест: „Очекуваме момче…“

Еспресо

Хороскоп за 24 февруари: Тежок ден за Биковите, пресврт за Девиците, а за вас?

Еспресо

(Фото) Ќерката на Карлеуша се присети на својата покојна баба Дивна: „Ми недостига…“

Еспресо
Се вчитува....