10.8 C
Скопје
11:54 - 26 февруари, 2026

Доли Партон не сака да се пензионира: „Се надевам дека некогаш ќе умрам среде песна“

Доли Партон повеќе би сакала да умре на сцена додека пее отколку некогаш да се повлече од музиката.

Иконата на кантри музиката (77) вети дека ќе продолжи да работи до самиот крај, сè додека таа и нејзиниот долгогодишен сопруг Карл Томас Дин (80) се во добро здравје.

„Никогаш нема да се пензионирам. Се надевам дека некогаш ќе умрам среде песна на сцената, по можност песна која јас сум ја напишала. Се надевам дека ќе биде така бидејќи немаме многу избор во тоа,“ рече таа неодамна во разговор со Кен Брус од „Грејтест хитс рејдио“.

„Јас не сум од оние што само ќе седат и нема да прават ништо,“ додаде таа.

„Сè додека сум способна ќе работам, додека моето здравје е добро, и додека мојот сопруг е добар. Единствениот начин некогаш да забавам или застанам би бил поради таа причина. Но, во меѓувреме, ќе собирам сено додека грее сонцето.“

Музичарката има издадено 65 студиски албуми од почетокот на својата кариера во доцните 60-ти. Во светот е позната по кантри-хитовите како „Џолин“ и „9 до 5“, но го смени жанрот со најновата плоча, Rockstar.

Кантри иконата обработи голем број класици како што е Let It Be од „Битлси“ со преживеаните членови Пол Макартни и Ринго Стар. Исто така ја преработи и We Are the Champions на „Квин“.

Доли дури и се здружи со кумашинката Мајли Сајрус (30), за да произведе рок верзија на нејзиниот сингл Wrecking Ball од 2013 година за плоча.

Откако се прослави во 1967 година, Партон се зацврсти како едно од најпознатите имиња во забавната индустрија и доминираше во жанровите на кантри, поп и блуграс музика.

Таа, исто така, стана ѕвезда на големото платно со значајни улоги во „9 до 5“, „Челични магнолии“ и „Најдобрата мала јавна куќа во Тексас“ (1982) и продолжи да продуцира свои проекти низ годините.

Слични објави

21-годишната ќерка на Ивица Дачиќ, Андреа, сака да тргне по стапките на татко ѝ

Е.А.

Хаос на одмор: Дарко Лазиќ сред ноќ полуразголен се обидувал да влезе во апартманот

Еспресо

„Синот на Милица Тодоровиќ е пресладок“: Катарина Живковиќ проговори и за нејзиното мајчинство

Еспресо

Поранешната сопруга на Аца Амадеус го пријавила за обид за убиство, вмешана и ќерката и порно-снимката

Еспресо

Хороскоп за 26 февруари: Близнаците носат важна одлука, Јарците чувствуваат стабилност што долго ја граделе

Еспресо

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо
Се вчитува....